Предизвиците и проблемите на укажувачите во Македонија

Пишува: Горан Лефков

На панелот за проблемите и предизвиците на укажичите во Македонија беа присутни поранешни и актуелни укажувачи. Александар Божиновски, основач и еден од пионерите на укажувањето во невладиниот сектор ја отвори дебатата опишувајќи ја блискоста помеѓу укажувачите и новинарите, посебно на истражувачките новинари. Како долгогодишен истражувачки новинар потенцираше дека неговото искуство покажало дека без укажувачите нема да се реализира скоро ниту едно големо новинарско истражување. Врската помеѓу новинарите и укажувачите е природна и многу силна. Тој спомена дека има два начини да се стигне до промени во општеството од новинарски агол, преку опозицијата и преку странските експерти и дипломати во земјава.

За Биљана Ивановска, претседателна на Државната комисија за спречување на корупцијата неопходно е одредбите од Законот за заштита на укажувачите да им се доближат на граѓаните, за да знаат каква заштита ги очекува која ќе ги „облечат чевлите“ на укажувачите. Таа презентираше неколку специфични случаи на укажувачи во Северна Македонија, за да покаже дел од апсурдите на законот за укажувачите. Укажувачите мора да добијат, брза постапка во институциите, кога треба да се одлучува за нивниот статус во било која институција.

Јован Андоновски, заменик народен правобранител, укажа дека неговата институција е една од 6-те институции кои можат да примаат претставки за надворешно пријавување во земјава. Кажа дека имале многу граѓани кои доаѓале да пријават неправилности, но кога ќе ги видат процедурите за заштита и низ што се треба да поминат се одкажувале. Тој потенцираше дека треба многу поголема заштита на укажувачите во институциите.

Адвокатите кои работат со укажувачите потенцираат дека и ним им треба обука за да ги препознаваат делата каде се појавуваат укажувачите. Александар Тумановски, бранител на укажувачите потенцираше дека е многу тешко да се брани укажувач на суд. Тој потенцираше дека има многу случаи каде институциите наместо да ги заштитат укажувачите, тие ги прогонуваат.

Тинка Китеска, е основач на невладина организација за заштита на правата на укажувачите и самата за прв пат на конференцијата објави дека и таа има сертификат за укажувач. Таа спомена дека во нејзината невладина организација има повеќе пријави од укажувачи, отколку во Државната комисија за спречување на корупцијата и Народниот правобранител заедно. Но кога ќе дознаат дека немаат никаква заштита од институциите, тие се откажуваат. Таа потенцираше дека е на постојана мета на директорот на институцијата и тој користи перфидни начини да го изигра законот и да ја деградира. Китеска води судски спор кој трае 3 години, иако судот треба да реагира многу побрзо.

Според сегашниот наш закон посебно е проблематично внатрешното пријавување. Практично со него, делото треба да се пријави на лицето кое го направило криминалот или на лице поставено од него.

Оставете коментар

коментар(и)