Партнерот на СКУП Македонија во проектот против местење фудбалски натпревари, полската компанија Екстракласа (која управува со Првата фудбалска лига на Полска), ја организира оваа конференција на која ќе се зборува за тоа како да се детектираат натпреварите кои се наместени. На конференцијата кофинансирана од програмата Еразмус+спорт ќе учествуваат и останатите учесници на овој проект, како германскиот спортски универзитет од Келн, Европскиот интердисциплинарен институт од Париз и многу други.
Учеството на конференцијата е бесплатно, но бројот на местата е ограничен. Регистрирајте се навреме на следниот линк
https://go.mywebinar.com/wlck-dtzw-srwe-zrdc