Реакција на Вашиот текст во чиј наслов е наведено дека министерката Шекеринска “ купила мотор оутландер”
Ви обрнуваме внимание дека насловот не соодветствува со одговорот кој го добивте од Кабинетот на министерката Шекеринска, во кој јасно пишува дека се работи за моторно возило, уредно пријавено како нов стекнат имот на брачен другар, за кој е подигнат кредит од брачниот другар. Пријавувањето на промената до ДКСК ја покажува дисциплината во извршувањето на обврските и транспарентноста кон ДКСК. Моторното возило не е сопственост на министерката, како што пишува во насловот на текстот.
Реакција од МТСП
Од Центар за истражувачко новинарство СКУП Македонија бараме извинување за тенденциозната статија насловена „Царовска побогата за 1.3 милиони евра, Шеќеринска купила мотор Оутландер“. Констатацијата дека министерката Царвоска се „збогатила“ за 1.3 милиони евра во рок од една година е неточна. Иако МТСП навремено и целосно го информираше Центарот за истражувачко новинарство СКУП Македонија за имотот на министерката, информациите кои се изнесени од страна на овој медиум се тенденциозни и целосно невистинити.
Како што веќе појасни МТСП, тука воопшто не станува збор за ново стекнат имот, туку надополнување на анкетниот лист со имот на родител, со кој министерката не живее во исто домаќинство. Надополнувањето е направено за поголема транспарентност, иако по Закон не треба да се пријави. Министерката ниту е сопственик, ниту располага со овој имот.
Согласно овие информации, МТСП бара од Центарот за истражувачко новинарство СКУП Македонија да ги повлече лажните информации и јавно да се извини за нивно објавување.