Реформи во општините

Форум- Центарот за стратешки истражувања и документација во изминатиов период спроведуваше обуки на млади луѓе за граѓански активизам и им помагаше во спроведување на граѓански иницијативи на локално ниво.

„Направивме истражувања за користење на можностите за непосредно учество на граѓаните во носење на одлуки на локално ниво, за потенцијалите за корупција при експлоатација на шумите, за состојбите со органското земјоделство во Македонија и во три држави од соседството, велат од Форумот.

Оваа невладина организација изработи и два прирачници на овие теми, како и една наставна програма за органско производство за потребите на образование за возрасни лица.

Неодамна Форумот заедно со уште пет други организации формираше мрежа за реформи во локалната самоуправа, па во наредниот период планираат низа активности во овој правец.

Предвидена е и промоција на новата стратегија за соработка со граѓанскиот сектор во општина Кавадарци, која е подготвена со поддршка на Цивика Мобилитас, а планиран е и сличен процес со општина Валандово. 

Оставете коментар

коментар(и)