Албанија веќе ги отвори сите 6 кластери од преговорите за членство во Европската Унија. Северна Македонија е заглавена во средновековни наративи, со цел да избегне членство кон Европската Унија. Косово има нерешени прашања со Србија за да ги отпочне преговорите.
Албанија со забрзани чекори ита во преговорите кон Европската Унија. Земјата ги мобилизира сите ресурси, за што побргу да ги заврши преговорите. Кластер 1, кој е основа за преговорите се отвора прв, а се затвора последен во преговорите со Европската Унија.
„Многу е важно целото општество да учествува во процесот на преговори. Граѓанските организации, младите како категорија се посебно важни во овој процес, бидејќи тие ќе ги користат бенефитите од Европската Унија најмногу“, вели Арјан Дурмиши, извршен директор на Центарот за проучување на демократијата и доброто управување (ЦСДГ) од Тирана.
Неговата Организација веќе неколку години го мониторира процесот на преговори во најважното поглавје, од таканаречениот основен пакет.
За разлика од Албанија која ги отпочна преговорите со Европската Унија, Северна Македонија заостанува. Главна причина е што владејачката партија нема воља за откочување на преговорите.
„Владата на Христијан Мицкоски, има анти европска агенда. Таа не сака да ја внесе земјата во Европската Унија. Затоа измислува изговори. Северна Македонија како никогаш досега немала почист пат кон ЕУ. Изјавите од типот, да ни дадете гаранции дека нема да не блокирате понатаму е изговор за да се избегне од отпочнување од преговорите. Неформален услов за сите земји од Источна Европа што влегле во Европската Унија е да се отворат архивите на тајните служби од поранешна Југославија“, истакна Горан Лефков, претседател на СКУП Македонија.
Тој додава дека во поглавјата 23 и 24 од Кластерот 1 Северна Македонија, има добиено единици, или со терминологијата на Европската Унија „нема прогрес“.
Ќемаил Мармулакај, истражувач на Институтот за право од Косово, неопходна е меѓусебната соработка помеѓу земјите од Западен Балкан за да се разменат искуства во процесот на преговори.
„Косово има свои проблеми на патот кон Европската Унија. Но нашите институции мора да ги следат процесите во регионот, за да во моментот кога ќе добиеме шанса, максимално да ја искористиме“, смета Малакај.
Тој додава дека правосудството е многу голем проблем во Косово истотака. Додека судовите функционираат, обвинителството не ги испорачува потребните резултати за кое е формирано.
Овие ставови беа искажани на дебатата што се одржа во Приштина минатата недела. Домаќин на дебатата беше Институтот за право од Косово, а е во рамките на проектот „Споделување на искуството за преговорите на Албанија во Кластер 1“, финансиски подржано од Фондот за Западен Балкан.





