Силвер Меикар- истражувачки новинар, политичар и укажувач од Естонија

Пишува: Горан Лефков

Силвер Меикар е маркантна фигура во истражувачкото новинарство кој остана верен на принципите во сите позиции кои ги извршуваше во Естонското општество и во Европскиот парламент. Роден 1978 година во Тарту, започнува со политички активности уште во студентските денови, кога е избран за член на советот во градот Тарту. Образованието го завршил во родното место, каде ја започнува и кариерата.  

Во 2003 година, Силвер Меикар стана заменик член на парламентот на Естонија додека Маргус Хансон стана министер за одбрана. Силвер Меикар беше и кандидат за Европскиот парламент во 2004 година, но не успеа да обезбеди место во Стразбур. Тој го загуби своето место во естонскиот парламент бидејќи Маргус Хансон беше разрешен во ноември 2004 година поради кражба на доверливи документи од неговиот дом. Меикар повторно седна во парламентарното солче на 23 ноември 2006 година, бидејќи Маргус Хансон беше осуден за протекување на државни доверливи податоци.

Силвер Меикар беше реизбран за пратеник во Естонскиот парламент на 4 март 2007 година и беше член на Комитетот за надворешни работи.

Тој стана познат со политичките активности кои опфаќаат одбрана на човековите права во Белорусија, Бурма, Кина, Русија и на други места, привлекувајќи внимание на тешката ситуација во земјите во развој и поддршка на реформскиот процес во Украина и Грузија. Тој, исто така, се залагаше за почитување на граѓанските слободи во Естонија. Силвер Меикар беше промотор на идејата за електронското гласање и е-демократијата во Естонија. Тој беше првиот естонски политичар кој создаде личен блог.

Во мај 2012 година, Меикар објави статија, во која признава дека донирал готовина на Естонската реформска партија во 2009 и 2010 година, кои доаѓаат од непознати извори и му ги дал неговиот сопартиец Калев Лиљо. Мозок на целата операција бил генералниот секретар на Реформската партија на Естонија Кристен Михал. Скандалот стана познат како Силвергејт. На Лиљо и Михал им беа поднесени кривични пријави. По долга и жестока дискусија во медиумите, обвиненијата беа отфрлени, бидејќи не беше можно да се соберат доволно докази. На 24 октомври 2012 година, Меикар бил исклучен од партијата. Како резултат на тоа, Кристен Михал се повлече од функцијата министер за правда.

Овој случај на укажување е многу сличен со делото кое го започна Специјалното јавно обвинителство кај нас, каде беше осудена партијата ВМРО-ДПМНЕ за незаконско финансирање на партиската каса. Голем дел од оваа истрага се водеше по претходните пишувања на Скуп Македонија, чие истражување покажа дека ВМРО-ДПМНЕ според имотот што го има е една од најбогатите партии во Европа.

Оставете коментар

коментар(и)