СИЛНО ГРАЃАНСКО „НЕ“ ЗА ДИВОГРАДБИТЕ ПО НАЦИОНАЛНИТЕ ПАРКОВИ

Поученои од многубројните досегашни политички практики, луѓето веќе не дозволуваат политичарите така лесно ди ги преведуваат „жедни преку вода“.

Дека во Република Северна Македонија јавноста се демократизира, се буди и благодарејќи и на интернетот и социјалните мрежи станува се похрабра во одност на неправилностите што ги продуцира државата и нејзините институци потврда се и бурните реакции за најновиот закон за легализација на дивоградбите што неодамна без многу презентации во јавноста го усвои македонското собрание.

Општа е подршката за легализација на живеалиштата што луѓето си изградиле за себе на сопствено земјиште.

Имено, токму под тој притисок на македонсите граѓани предизвикан од револтот од одредени содржини во овој закон, посебно во делот каде што се овозможува легализација и на оние објекти кои на диво, без дозвола се изградени на државнио земјиште, а кои се со приватен карактер. И посебно дивите градби во заштитните зони и уште попосебно што најмногу ги вознемири граѓаните, во националните паркови. При тоа, општа е подршката за легализација на живеалиштата што луѓето си изградиле за себе на сопствено земјиште.

И токму поради бранот незадоволство од законот за промовирање на неправда урбан хаос, за амнестирање на урбаните криминалци, владата, барем засега се повлече. Откако поради правни ниездржаности но и поради реакциите на граѓаните законот не го потпиша и претседалот на државата, таа реши да се обиде дса го „ремонтира“. Првичните најави се дека дивите градби кои се во приватна сопственост, а кои се изградени во заштитни еколошки зони и во национални паркови, сепак не ќе можат да добијат употребни дозволи и ќе подлежат на уривање.

Во владиното соопштение стои:

„Владата ќе биде отворени за доработка и најдобри решенија на предлозите кои се однесуваат на временскиот период со кој треба да биде опфатена легализацијата на дивоградбите, потоа реалната дистинкција меѓу објектите кои се за лично домување и оние кои се изградени како станбени згради за профит, како и прашањето за категорична и јасна законска одредба дека со легализација нема да бидат опфатени бесправно изградените објекти во заштитените подрачја, како и сите други укажани прашања на кои посочија јавноста и граѓаните“. 

Македонската влада со ова принудно покажува добра волја да ги стиша реакциите во јавноста. Таа увиде дека не може да оди со главата во ѕид и да промовира неправди и нееднаковсти. Зашто граѓаните стануваат се похрабри во одност на лошите политики на политичарите. Сеако, беа охрабрени и од одлуката на претседателот на државата во чие соопштение стои:

„Мојата одлука да не го потпишам Указот за прогласување на законот ја донесов врз основа на детална анализа на текстот, при што утврдив дека тој е во спротивност со некои од темелните вредности на Уставот, како и со уставни одредби кои произлегуваат или се во врска со темелните вредности на Уставот. Исто така, сметам дека текстот на законот нема општествена оправданост, односно не е во насока на заштита и промоција на јавниот интерес, што е основна задача на секоја институција на јавната власт“.

Според владината статистика, во Северна Македонија има околу 50 илјади дивоградби. Со законот се предвидуваше легализација на објекти изградени дури и во националните паркови, а од него беше изземен само Охридско-струшкиот регион. Инаку, тоа што посебно создаде ревојт во јавноста е фактот што во Законот е предвидено дека амнестијата за дивоградбите би можела да значи и ослободување од одговорност и на оние коишто ги прекршиле законите со бесправно градење.

Ако законот стапи во сила, на сите други закони може да им се стави крст.

Во законот посебно спорен е членот 41 со кој не само што се запираат постапките за рушење на дивоградбите, туку се прекинуваат и управните и судските постапки, и  кривични и граѓански, а кои се во тек и кои произлегуваат од постапките за отстранување на објекти. Освен грашаните, на носењето на законот се спротивставија од партијата кои се коелициски партнери на власта меѓу кои ДОМ, Демократскиот сојуз кои од претседателот на државата побараада тој не го потпишува законот со што тој не ќе можеше да стапи на сила.

Во рекацијата на Демократскиот сојуз се вели:

„Чесните граѓани подготвуваат проекти, бараат дозволи за градба, плаќаат комуналии и ги почитуваат сите прописи. Додека оние што градат бесправно и узурпираат земјиште, диво се приклучуваат на водоводните мрежи, електричната енергија, ги кршат сообраќајните решенија и слично, не смеат да бидат и натаму мотивирани и лош пример за во иднина. Демократскиот сојуз има разбирање за социјалните аспекти, но никако не се за градежен хаос и легализација на хациенди, деловни објекти, куќи со базени итн.“.

За овој закон реагираше и Државната комисија за спречување корупција.

Претседателката Билјана Ивановска вели дека пред Уставниот суд треба да се поднесе иницијатива за оценка на уставност на законот:

„Ако законот стапи во сила, на сите други закони може да им се стави „крст“.

Во обид да ја оправда владата се јави и еден од владините портпароли:

„Прогрешна е тезата дека ќе може се и сешто во секое подрачје да се легализира. Во законот е точно прецизирано каде и кои објекти ќе може да бидат легализирани“,појасни Мухамед Хоџа додавајќи дека за да се легализира во заштитно подрачје треба да се добие согласност од надлежниот орган, министерство или друга институција дека градбата не го загрозува тоа подрачје. Така што, невозможно ќе биде лесно да се легализира секој објект во тие делови. Законот е усогласен и со опозицијата, при што се прифатени и неколку нивни амандмани и се инкорпорирани во него.

„Со законот се спречува урбаното дивеење со тоа што се зголемува цената за легализација за плус 50 отсто од основните комуналии со што се одвраќаат од намерата сите кои мислат да градат нелегално“, изјави Хоџа.

Инаку, по скратена постапка Собрание го усвои Законот за утврдување на правен статус на бесправно изградени објекти со 72 гласа „за“, три „воздржан“ и со пет гласа „против“.

Охридскиот регион исклучен од законот.

Во образложението на овој документ стои:

„Со законот се отвара пат гаражи, остави и базени кои сопствениците ги граделе без дозвола, како и дивоградби во национални паркови, природни резервати, споменици на природата и подрачје на заштитено недвижно културно наследство, да можат да се легализираат. Легализација ќе биде дозволена и во прва и втора санитарно-заштитна зона на извори на вода за пиење, по добиена согласност од надлежниот орган.

Со него се предвидува легализација на дивоградби изградени до денот на стапување во сила на овој закон, односно осмиот ден од денот на објавувањето во „Службен весник“ и нема рок на важење – ќе важи до правосилно завршување на постапките кои се започнати. Исклучок се дивоградбите во границите на Охридскиот регион во кој се наоѓа природното и културното наследство, како и дивоизградени станбени згради и дивоизградени доградби и надградби на станбени згради“.

Наводно се за посиромашните граѓани, но грѓаните видоа и нова амнестија на криминалот.

Премиерот Зоран Заев тврди дека со ваквото решение им се излегува во пресрет на посиромашните граѓани:

„Има граѓани кои не успеале да соберат 50 евра за да направат елаборат и не успеале да ги легализираат нивните објекти, тоа е нивниот дом и сега немаат начин, остануваат дивоградби. Државата не треба да урива затоа што тоа е материјално добро и пред сè, на најсиромашните. Ако не го продолжиме законот, еве заглавен е, навистина никој нема придобивка од тоа“.

Вака составениот закон ќе внесат и хаос во уставниот поредок.

 Ова објаснување, сепак, не доби поддршка во јавноста. Реагираат и невладини организации посебно оние кои со години водат грижа и покренуваат акции за заштита на шивотната средина. Од „Еколог“ велат:

„Несватливо е било која влада, било кој полчитичар да запише во закон и во парламенмт било кој пратеники од било која партија да крене рака за диви градби во нациоинални паркови.Тоа го нема никаде во светот, кои се и какви се таквите луѓе, срамота“.

Познатиот архитект Мирослав Грчев, во еден мандат и градски архитект, е на страната на граѓанските реакции:

„Решенијата во текстот на законот  нема да го реши проблемот со бесправните градби во земјава. Напротив, ќе внесат и хаос во уставниот поредок, во функционирањето на општините единиците, ќе се наруши сопственоста секаде каде што е градено на државен имот и ќе создаде неред и во идните урбанистички планирања. Исто така, една од главната грешка му е што законот не прави поделба на објектите што можат да влезат во правниот систем од оние што никако правно не можат да се легализираат“.

Силно граѓанско „не“ за неправдите.

Овој закон уште еднаш потврдува дека граѓанскиот револт спрема неправдите станува се по видлив. Дека политиката во иднина ќе мора да биде повнимателна со своите решенија. Поученои од многубројните досегашни политички практики, луѓето веќе не дозволуваат политичарите така лесно ди ги преведуваат „жедни преку вода“.

Автор: Виктор Иваноски – млад новинар, волонтер во институционалниот проект на СКУП во рамките на програмата ЦИВИКА МОБИЛИТАС.

Оставете коментар

коментар(и)