„Скопје го стигна Пекинг“ прикажан на првиот Истражувачки филмски фестивал во Скопје

Документарецот на СКУП „Скопје го стигна Пекинг“ викендов беше прикажан на првиот Истражувачки Филмски фестивал во Кино Култура во Скопје.

Покрај овој филм на тема загадувањето на воздухот во Скопје, беше прикажан и македонскиот „Црни бели дробови“ во продукција на Кадар.

По прикажувањето на филмските проекции, се обратија авторите на овие краткометражни документарни филмови.

Посетителите имаа можност да учествуваат во дебати, работилници и дискусии фокусирани на истражувачкото новинарство,

Фестивалот го огранизираше Платформата за истражувачко новинарство и анализи – ПИНА, а истиот се оддржа од 3-ти до 5-ти ноември во Кино Култура, Скопје.

ИФФС беше затворен со документарниот филм „Пајаковата мрежа: Второто кралство на Велика Британија“.

Оставете коментар

коментар(и)