Центарот за истражувачко новинарство СКУП-Македонија започна со реализација на проектот „Зајакнување на етичката употреба на генеративни алатки за вештачка интелигенција и медиумското покривање на ВИ преку образование по новинарство во Северна Македонија“.
Проектот почна да се реализира на Правниот факултет „Јустинијан Први“-Универзитет „Св. Кирил и Методиј“ каде преку серија предавања и тренинзи, академскиот кадар и студентите ќе имаат можност да се запознаат со основите на вешташката интелигенција (ВИ), генеративните алатки за ВИ, медиумско покривање со помош на вештачката интелигенција, сето ова преку призма на етичките принципи при употребата на вештачката интелигенција.
Проектот има за цел да се воведе знаењето за етичката употреба на вештачката интелигенција во високообразовните институции и во редакциите со цел поодговорно и професионално известување базирано на етички стандарди при употребата на ВИ. Во рамките на втората фаза од проектот, предвидени се серија предавања и тренинзи со новинари и уредници на тема-етичката примена на ВИ во редакциите и медиумското известување со помош на ВИ.
Серијалот тренинзи за академскиот кадар е почетна активност како дел од проектот „Зајакнување на етичката употреба на генеративни алатки за вештачка интелигенција и медиумското покривање на ВИ преку образование по новинарство во Северна Македонија“, финансиран од Интернационалната програма за развој на комуникациите на УНЕСКО (IPDC).
(Г.Л)





