Новинарката на Центарот за истражувачко новинарство СКУП-Македонија, Ангела Рајчевска е добитник на втората награда ,,Jan Briza“ на овогодинешното издание на Меѓународниот фестивал на кратки радио и телевизиски прилози и печатени, односно онлајн истражувачки текстови под назив ,,On the Record”, кој се одржа од 26 до 28 мај 2016 година во Нови Сад. Рајчевска е наградена во категоријата печатени односни онлајн истражувачки текстови за сторијата ,,Македонските студенти со најлош страндард на Балканот”. Покрај Рајчевска, автори на сторијата се и Горан Лефков и Дана Ламбевска од СКУП-Македонија.