Почетокот на пролетта 2011 година беше периодот, кога група новинари од некогашните печатени мејнстрим медиуми решија да се обидат на нов начин да работат, финансираат и споделуваат истражувачко новинарство.
Денес СКУП слави 11 години постоење, со многу подеми и падови, но остана, како што кажа еден од неговите основачи, Џелал Незири меѓу првите и се уште еден од ретките „островчиња“ на слободата на изразувањето дури и кога станува збор и за најтешките теми – корупција, криминал од лошо владеење.
СКУП продолжува и понатамуи покрај тешкото опкружување што го наметна пандемијата. Им благодариме на сите кои беа и се од нашиот тим.