Слободните економски зони- обвиени во мистерија

автор: Наташа Стојановска

текстот е оригинално објавен на порталот Фактор на 6 мај 2015 година

 

Во обидот да се привлечат што повеќе странски инвестиции, Владата не само што им нуди царински и даночни ослободувања, туку им се нуди и директна државна помош, преку субвенционирање на давачките за платите за вработените. Но, ниту една институција не обелоденува точно колку луѓе се вработени во фабриките што се дел од слободните економски зони и колкав е износот на олеснувањата што странските газди на фабриките ги добиле од државата конкретно за вработувањата?

Податоците се чуваат како тајна, а токму една од призмите низ кои може да се видат ефектите од државната помош што странските компании ја добиваат во слободните економски зони е бројот на отворени работни места, потоа квалитетот на работните места (висина на плата, работно време, сигурност на работно место и сл), како и тоа колку тие странски инвестиции придонеле за создавање на индиректни работни места на локало ниво покрај директно создадените работнии места.

Буквално ниту една институција или организација која ги следи ефектите од странските инвестиции во земјава не располага со точен број на вработени кои по различни основи се ангажирани во четирите слободни економски зони во земјава.

Податоците ги побаравме од Дирекцијата за технолошко-индустриски развојни зони. Но, оттаму не одговорија на прашањата. А бројот на вработени во слободните економски зони, како и износот на ослободувања добиени за вработувањата, не го знаат ниту во Советот на странски инвеститори.

Одговор на истата тема не добиле ниту аналитичарите од Македонскиот центар за европско образование (МЦЕО), кои ги истражувале ефектите од слободните економски зони во земјава врз вкупната економија.

„За анализата на која работевме, побаравме информација од јавен карактер до Агенцијата за странски инвестиции кои нé препратија до Дирекцијата за технолошки индустриски развој, за повторно да нé препратат до Агенцијата за странски инвестиции, од каде не добивме одговор за бројот на вработените во зоните. Единствено од она што е преставено во медиумите можеме да претпоставиме дека нивната бројка се движио колу 10.000. до 12 000 максимум“, вели Диана Близнакова од МЦЕО. Според Близнакова, фабриките во слободните економски зони во Македонија функционираат како изолирани економски острови во кои работи ефтина и квалификувана работна сила.

„Интервјуираните лица незнаат за делување на било каков синдикат, а напомнато е дека пред склучувањето на првиот договор за вработување, работодавачот бара работникот да потпише изјава дека се откажува од членство или од иницијатива за формирање на синдикат. Непостои информираност за постоење на некој колективен договорпомеѓу работниците и работодавачот“, се посочува во извештајот на МЦЕО за работењето на фабриките во слободните економски зони.

За разлика од Македонија, податоците за бројот на вработени во слободните економски зони, не се тајна во Хрватска. Односно, таму на официјалната интеренет страна на Министерството за економија, може да се најдат податоците за бројот на вработени, одделно во секоја зона.

Naziv  slobodne zone Grad Površinazemljišta
(m2 )
Slobodneparcele m2 Brojkorisnika zone Brojzaposlenih
KRAPINSKO – ZAGORSKA SLOBODNA ZONA Krapina 70.000 30.000 14 123
SLOBODNA ZONA OSIJEK Osijek 270.000 80.000 4 630
SLOBODNA ZONA KUKULJANOVO Kukuljanovo 28.000 1.000.000 5 73
SLOBODNA ZONA LUKE RIJEKA Rijeka 1.635.000 570.870 9 1.332
SLOBODNA ZONA ZAGREB Zagreb 79.860 0 125 225
SLOBODNA ZONA OBROVAC* Obrovac
SLOBODNA ZONA LUKE SPLIT Split 259.900 100.000 23 45
SLOBODNA ZONA LUKE PULA Pula 73.000 0 19 588
SLOBODNA ZONA SPLITSKO –  DALMATINSKA Split
SLOBODNA ZONA LUKE PLOČE Ploče 2.145.892 1.548.700 3 1.064
SLOBODNA ZONA BUJE* Buje
SLOBODNA ZONA ĐURO ĐAKOVIĆ-SL. SLAVONSKI BROD SlavonskiBrod 262.493 63.100 27 1.114
SLOBODNA ZONA VARAŽDIN Varaždin 600.000 0 1 200
PODUNAVSKA SLOBODNA ZONA VUKOVAR Vukovar 21.080 13.432 20 123
SLOBODNA ZONA RIBNIK Ribnik 32.000 10.000 7 17

 

Деталниот преглед кој го има Хрватска, за жал, не може да се види кај нашиот северен сосед, Србија, како и во Македонија. На веб сајтот на Управата за слободни зони во Србијасе наведени зонитеи фирмите кои работат во секоја од зоните и со што се занимаваат. И на нашиот веб сајт на Дирекцијата за технолошки индустриски развојни зони, се наведени само зоните и вкупно шест инвеститори, меѓу кои: „Џонсон Контролс“; „Ван Хол“; „Џонсон Мети“; „Текнохозе“; „Кемет“ и „Протек Груп“. Во две од вкупно четирите економски зони: ТИРЗ Скопје 2 и ТИРЗ Тетово нема ниту контакт информации за зоната, а во сите четири, како контакт е оставено името на директорот на зоните, Виктор Мизо. Прецизна бројка за вработувања нема, освен најавите за тоа колку ќе бидат вработени.

Единствено бројката на вработени во зоните може да се добие од официјалната изјава на премиерот Никола Груевски, кој неодамна посочи дека таму работат повеќе од 10 илјади луѓе и дека со нивно вработување се намалила стапката на невработеност.

„Во периодот од 2006 година досега стапката на невработеност која ја затекнавме во висина од околу 38% е намаленана 27,6%. Во истиот период се отворени над 130 000 работни места во Македонија, во странските и домашните капацитети, во приватниот и јавниот сектор, и преку активните мерки за вработување. Воедно, многу тешко време на глобални и европски економски кризи. Значи се очекува во веќе најавените, а се уште не отворени странски инвестиции да бидат отворени над 13.000 директни работни места, а со оперативниот план за активни мерки завработување за 2015 година се предвидува поддршка на отворање за 8.500 работни места“, изјави неодамна премиерот Никола Груевски.

Од Советот на странски инвеститори, не знаат дали и колку синдикати има поединечно во секоја компанија која е дел од слободните економски зони, но велат дека право на работниците согласно законите да членуваат во синдикати.

„Странските инвеститори во изминатите години постојано се глорифицираат од страна на носителите на економските политики и тие се претставуваат до степен на „светиот грал” за економијата, иако во научна литература постојат помешани ставови за нивните позитивни ефекти во транзиционите земји. Притоа, за да се привлечат странските инвеститори  се користат различни типови на привилегии, од даночни ослободувања, па се до директна финансика поддршка за големи странски компании, со што се ставаат странските инвеститори во многу поповолна положба од домашните инвеститори. А дел од светските економистите на овој процес гледаат како на замена на матната приватизација од почетокот на транзицијата со нов начин на продажба на продуктивните капацитети во економијата на странци, кои добиваат значајно, а во некои сектори и доминантно учество на пазарот, вели универзитетскиот професор Драган Тевдовски.

 

Власта се фали дека извозот од зоните расте, економистите тврдат дека тоа не влијае на буџетот

„Во споредба со минатата година имаме зголемување на извозот од околу 28%. Тоа е дури и малку над оние предвидувања кои ги имавме минатата година за оваа одина. Сите компании кои се веќе функционални,активно работат. Зголемен е бројот на нарачките кои тие ги имаат од нивните партнери во Европа и нормално, со започнување соработа на другите компании во зоните се надеваме дека тој број ќе расте од година во година. Можеби, неможе да се очекува секоја година да имаме зголемувањеод 20 или 30 % раст на извозот ,но дури и зголемувањеод 10 % е голема контрибуција не само во вкупнататрговска размена на Македонија, туку и во покриеноста на увозот со извозот, бидејќи ако се направи анализа на тие бројки во изминатите три до чертири години, покриеноста се зголемува, но и соработката со домашните компании“,  рече за медиумите Виктор Мизо, директор на ДТИРЗ.

Но, растот на извозот од слободните економски зони нема директни импликации врз буџетот затоа што фирмите имаат комплетни царински и даночни ослободувања. Така што тоа е само статистичка бројка, сметаат дел од аналитичарите.

„Со оглед дека за дел од компаниите или за сите важи зелениот царински канал, тоа значи дека македонскиот буџет не се зголемува пропорционално со извозот од странските компании. Тоа единствено значи дека компаниите повеќе работат“, вели Диана Близнакова од МЦЕО.

Во Македонија, компаниите во слободните економски зони работат со стапка од  0% царина и ДДВ, како и 0% данок на добивка и персонален данок на доход за 10 години.Според она што може да се види од официјално достапните податоци во Србија има скоро слични бенефиции за компаниите во тамошните зони, но се за помалку години, додека во другите земји од регионот се нудат помали пакети на поволности што им се нудат на странските компании, односно во некои од земјите поволностите што се нудат зависат дури и од тоа во кој дел од земјата е сместена зоната.

Предности и стимулации во слободните економски зони во Македонија

ЦАРИНА
СТОКИ СТАПКА НАДВОР ОД ЗОНИ СТАПКА ВО ЗОНИ
Суровини 0% – 15% 0%
Опрема 5% – 20% 0%

 

ДАНОЦИ
СТОКИ СТАПКА НАДВОР ОД ЗОНИ СТАПКА ВО ЗОНИ
Данокнадодаденавредност 18% 0%
Данокнадобивка 10% 0% за 10 години
Персоналенданокзадоход 10% 0% за 10 години

Токму поради сите овие олеснувања, дел одекономистите сметаат дека странските директни инвестиции и нивните ефекти треба да се анализираат преку одговор на неколку прашања  а тоа се: како расте, не само извозот, туку и увозот наменет точно за фабриките во слободните економски зони, потоа зошто платниот биланс на НБРМ покажува одлива на доходот, вклучувајќи ги и зарботките и дивиденндите на странските компании и колку пари досега државата вложи за да ги привлеќе странските инвеститори.

Повторно за дел од овие прашања се обративме до Дирекцијата за технолошко индустриски развојни зони, но одговорите не беа доставени.

Се упативме и во Државниот завод за статистика, за да добиеме податок, колкав увоз и колкав извоз е направен од слободните економски зони, но оттаму ни одговорија дека тие немаат таква статистика, а податоците да ги побараме од Дирекцијата за технолошко индустриско развојни зони.

Според универзитетскиот професор, Марјан Петрески, во привлекувањето странски фабрики во слободните економски зони посебен акцент се става на фирми со повисока технологија, што на краток рок оневозможува нивно позначајно поврзување со локалнатаекономија, односно дел од нивните инпути да се снабдуваат на локалниот пазар од домашни фирми.

„Оттука, точно е дека тие фирми значајно го подигнаа извозот, но истовремено голем дел од тој извоз е со увозна компонента. Затоа најправилно би било ако при оценка на ефектот од тие фирми се гледа на нето извозот, односно разликата меѓу извозот и увозот. Засега, додадената вредност (односно разликата) главно се сведува на додадената работна сила.Што се однесува до поволносите што им се овозможуваат на странските фабрики, дел од нив не се познати на јавноста, меѓутоа верувам дека за дел од нив може да се најде оправдување, затоа што без такви тригери странските фирми не би дошле да инвестираат тука. Дали она што ние го трошиме за странските фабрики во најширока смисла на зборот е поголемо од она што го добиваме како бенефит, ќе може да оценуваме само на долг рок, вели универзитетскиот професор Марјан Петрески.

Аналитичарите, сепак, посочуваатдека директната поддршка што Владата ја дава на странските компании не е за занемарување, а особено проблематично е тоа што таа се реализира нетранспарентно,се користат  различни буџетски ставки поради што е особено тешко да се утврди колку пари досега се потрошени за овие странски инвеститори кои работат во слободните економси зони. Тоа е така затоа што во извештаите што ги доставува Комисија за заштита на кконкуренцијата и Дирекцијата за технолошки индустриско развојни зони , се наведнеи само известувањата дека одредена компанија, добила поволност но сумата не се обелоденува. Таа останува тајна, запишана со три икса (односно со знакот xxx).

А,  дека податоцоте не се објавуваат како точна сума, туку како скриен податок, наведен со три икса, покажува и то што тие решениеја токму така се објавуваат и во Службен весник. На следниот линк, има повеќе такви примиери, неколку компании на кои им е доделена државна помош, а сумите не се наведени.

http://www.slvesnik.com.mk/Issues/9AC86EE1AB48D34C94311C4EE9E14226.pdf

(„Сторијата е поддржана од ЦИН СКУП Македонија во рамките на НЕД проектот “Подигнување на јавната свест против корупција преку истражувачко новинарство”.)

Оставете коментар

коментар(и)