Пишува: Горан Лефков
Случајот на Американската инвестициона банка Мерил Линч од 90-тите години внесе нови ветришта во индустријата со пари. Една од 5-ти големи инвестициски банки во САД, Мерил Линч, фалсификувала документи за своите менаџери и повеќе други коруптивни практики што се косат со етичкиот кодекс што самата банка го има усвоено. Така банката влегла во корупциски скандали, кои ги чинеле инвеститорите многу пари. Сето ова е дојавено од тамошниот брокер Кит Скули.
Уште од првиот ден кога влегол во компанијата тие работи започнале да му сметаат. Постојано се консултирал со својата сопруга Дона, но таа го убедувала да не превзема некои ризични чекори плашејќи се за иднината на нивното семејство. Но Шоли не може да го издржи тоа и во најголема тајност ја пишува неговата книга „Мерил Линч: Трошокот може да биде фатален. “ подналсов на книгата е Војна со еден гигант на Вол стрит. Книгата е објавена во 2002 година и може да се купи насекаде во библиотеките во САД. Истотака може да се купи и он лајн.
Тој е вработен во канцеларијата на Мерил линч во Оклахома во 1992 година.
Откако ги објави аферите во јавност, Мерил Линч го даде Скули на арбитража, што подоцна се испостави како грешка во неговиот случај и тој го загуби случајот. Неговиот адвокат Стефан Јонс, ќе напише:
„Кит Скули е и пријател и клиент. Извесен период, како што наведува во оваа книга, му служев како адвокат во советувањето во врска со неговиот конфликт со Мерил Линч. На крајот на краиштата, од причините што ги наведува Кит, повеќе не можев да го застапувам бидејќи не ми беше удобно во арбитражната средина каде што ќе се судеше неговиот случај. Верував и тогаш и сега, дека на суд пред поротата, Кит ќе победи.
За мене беше изненадување, како што се сомневам дека ќе биде и за многу луѓе, да знаат дека конфликтите со вашата брокерска куќа треба да се решаваат на суд, а не на арбитража. Честопати сум изјавил дека најдобриот аргумент за системот на поротата во оваа земја е алтернативата, а алтернативите обично се судење пред судијата или судење пред арбитри.“
Грешката што ја направија со изборот на арбитража, наместо редовен суд го преврте целиот случај во полза на Мерил Линч. Но затоа Кит Скули ја напиша книгата што ги освои читателите и таа битка во јавноста ја доби, иако институциите не го вреднуваа вистинското негово херојско дело.
Тој денес живее во Охајо, и понатаму е присутен во јавноста во случаи кога има злоупотреба од калибарот што тој го укажа во Мерил Линч.