Парламентот e поволна институција за тргување со влијание. Тоа на пратениците им дава можност за незаконско богатење.
Како што вели народната, „волкот го менува крзното ама не и карактерот.
Јавноста е недвојбено убедена дека патот до собраниските порти е најкраткиот пат за збогатување. И дека таа привилегија ја имаат народните избраници. Тимот на СКУП центар за истражувачко новинарство дојде до податоци кои велат дека пратениците што го завршија својот мандат во 2020 година, пријавиле имот вреден вкупно 32,6 милиони евра.
23 милиони евра тежи имотот на пратениците на СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ заедно.
Најбогати пратеници има пратеничката група на СДСМ. Тие пријавиле имот од 13,6 милиони евра. Следуваат пратениците на ВМРО-ДПМНЕ со евидентиран имот од 9,4 милиони евра. Сумата е веројатно ,поголема зашто неколкумина пратеници не пополниле иметен лист кај Дежавната комисија за спречување корупција.
Десет пратеници на ДУИ, Демократска унија за интеграција, десетте 10 пратеници пријавиле имот во вредност од 3,9 милиони евра. Оваа сума е идентична и со птратениците на партијата БЕСА, но таа е концентрирана само кај тројца пратеници.
Партијата ВМРО-ДПМНЕ во минатиот парламентарен состав, секако ќе беше најбогата доколку од неа во тек на собранискиот мандат не се оделија десет пратеници. Тие ја искористија деловничката можност и формираа посебна парламентарна независна пратеничка група. Нивниот имот заедно вредеше 3,3 милиони евра. Ако оваа сума се додаде на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ на стартот на пратеничкиот мандат, тогаш ВМРО-ДПМНЕ во собрането ќе тежеше 12,7 милиони евра.
Најскромни преставници на политичките партии во собранието на Република Северна Македонија беше партијата Алијанса за Албанците. Нивните тројца параментарци имаа скромен вкупен имот од околу 350.000 евра.
Нема причини и новиот парламенмтарен состав да е сиромашен.
И според партиската филозофија и според партиската доктрина и програма, нај сиромашна би ттебало да биде е партијата Левица. Тие во овој парламенмт се преставени со само двајца пратеници, но и тие двајца засега немаат пријавено имот. Но и за нив како и за сите други, раширени се сомнежите дека многумина од политичарите, вклучително и од пратениците, дел од својот имот го прикриваат од јавноста. Ова најчесто или преку фирми, сопствени или на ним блиски па личниот имот е во купчето на имотот на фирмата или, во моментот кгога се влегува во политика, личниот имот се препишува „на чување“ кај поблиски или подалечни роднини или пак кај блиски пријатели. Секако ваквите претпоставки тешко се докажливи и во крајна линија не се прекршување на законите но се прекршувања на моралните норми на носителите на јавни функции.
Наспроти раширеното уверување на широката јавност, доскорешната пратеничка Лилјана Поповска од партијата ДОМ е убедена дека пратениците не го прикриваат имотот. За СКУП таа вели:
„Верувам дека така прават најголем дел од пратениците, затоа што се е видливо практично, нема што да се скрие. Македонија веќе има институции кои се занимаваат со следење на имотот на функционерите и се е видливо. Прашање е само институциите во одредена моментална состојба колку сериозно и редовно си ја вршат својата работа. Инаку, нема каде да се скрие имотот, се е транспарентно и се е видливо, така што би било глупаво, покрај тоа што би било нечесно пратениците да кријат нешто“.
Неколку афирмирани невладини органозации како СКУП центар за исражувачко новинарство, а меѓу кои и Меѓународниот центар за меѓународна соработка МЦМС, во многу наврати истражувале на теми поврзани со политиката и имотот на носителоите на политичките функции.
Александар Кржаловски од МЦМС го споделува уверувањето во јавноста:
„Секако дека може, тие што се поискусни, посебно економски потковани и со повеќе искуство во пратеничкиот веројатно лесно може. Имаме пратеници кои што немаат никаков имот. Целиот е препишан на име на децата, на родителите, така што кај нас генерално не се отвора дебата, дури кога ќе се откријат случаи завршува на медиумска прашина 1, 2, 3, бидејќи главно и за тоа и се користи. Воопшто на никој не му е очигледно интересот да се санкционира тоа и да се престане да се прави, туку само да се оцрни противникот политички а институциите генерално ги заташкуваат, не ги спроведуваат тие постапки. Еден куп такви случаи веројатно стојат по фиоки или заборавени и никогаш непроцесуирани или незавршени со санкција, со пресуда или слично“.
Еден пратеник има плата околу 60 илјади денари, се разбира тука не се вкалкулирани и другите надоместоци, како што се патните трошоци или пак учества во комисии. Ја прашавме пратеничката Поповска дали пратениците со овие примања можат да се збогатат?
Сепак, експратеничката Поповска уверува:
„Мислам дека неправедно е насочено вниманието на јавноста кон пратениците, тоа практично како некој да го одвраќа вниманието од онаму каде што е вистинската моќ и каде што е вистинската можност за збогатување и можности за злоупотреби и преку тоа и збогатување. Во основа јасно е дека Владата и извршните функции, не само на министри, туку и на директори и раководители на важни институции, таму е моќта, таму е пенкалото за потпишување буџетски одлуки и таму е всушност и можноста за корупција и за злоупотреба на функцијата. И наместо натаму да се насочи окото и контролата, се оди кон пратениците, некако е поедноставно, затоа што пратениците се изложени на јавноста поради природата на работата, јавни седници и така натаму, така што пратениците се неоправдано на удар“.
Сите информации за имотот на функционерите се слеваат во Антикорупциска.
На оваа тема Кржаловски уште додава дека не е проблемот дали е некој богат или не, туку како, на кој начин го стекнал тоа богатство:
„ Кај нас се уште за жал е срамота да си богат, а не треба да е така и сметам дека подобро е да не водат, односно пратеници да бидат луѓе кои докажале дека заработиле чесно во својот живот, заработиле многу, отколку на некои на кои ова им е причина за богатење така да речам или причина да се ангажираат а не направиле многу други работи. Втората работа е, ова што веќе го спомнав – чесноста. Значи не е проблем да си богат, но ако си ги стекнал чесно парите и богатството така што тоа е втората работа што треба да се разликува и мислам дека недоволно се дава внимание на тоа во јавноста“.
Кои се најбогатите во македонското собрание?
Анкетниот лист не е единствениот но е пристоен механизам за транспарентност на имотот на државните службеници. Согласно законот секој функционер од пратеник, преку министер до советник и до член на управен одбор, е должен прецизно да пополни анкетен лист во кој ќе го наведе имотот што тој и неговото потесно семејство го поседуваат во моментотна неговото стапувањето на функцијата.
Во увидот на тие листи на ДКСК може да се забележи:
„Милионери во пратеничките клупи се шест пратеници. И тоа по двајца од ДУИ и од ВМРО-ДПМНЕ и по еден од Беса и од независната пратеничка група што произлезе од ВМРО-ДПМНЕ. На врвот по имот е Теута Биљали од Беса. На нејзиното конто е легнат имот во вредност од 3,5 милиони евра. Следуваат Борис Змејковски и Васил Пишев од ВМРО-ДПМНЕ со 2,7 односно 2,1 милион евра, потоа Сашо Василевски од независната пратеничка група со 1,7 милиони евра. Милионерската листа завршуваат пратениците на ДУИ, Бранко Манојловски и Ејуп Алими со 1,4 односно 1 милион евра“
И помалку богатите не се сиромашни.
Најбогати од СДСМ се Александар Филиповски со 650.000 евра, Далибор Богдановски со 550.000, Мухамед Зекири со 430.000, Снежана Калеска со 410.000 евра и Фросина Ташевска – Ременски со 380.000 евра.
Што велат во Антикорупциска? Катица Николовска е потпретседател на ДКСК:
„Ние како Комисија се уште за жал работиме со стар софтвер и не сме во состојба да видиме колку од нив доставиле, пријавиле промена на имотната состојба или судирот на интереси. Ова е стварно голем проблем за Комисијата бидејќи не се работи само за пратениците, значи тука станува збор за голем број на избрани и именувани лица, било да е од централна власт, било да е од Собрание, било да е на локално ниво. Значи ние не можеме да следиме колку лица доставиле промени на својата имотна состојба, дали се зголемила или се намалила, па соодветно на тоа да покренеме постапки.“
Некои од пратениците наоѓаат начини како да не пријават нешто што дополнително го заработиле.
Во Законот за спречување на корупција постои таканаречена „дупка“ со која лесно може да се затскрие дополнително стекнат имот. Во членот 96 се наведува дека доколку функционерот сака да скрие имот префрлајќи го на член на семејство ќе биде покрената постапка. Но во дефиницијата, како член на семејството се сметаат само оние кои живеат во истиот стан со функционерот:
„Доколку постојат докази дека член на семејството или блиско лице на службеното лице, се стекнал со значителен имот за време на вршење на јавните овластувања, односно должности на службеното лице, кој ги надминува неговите редовни примања, а постои основано сомневање дека службеното лице со намера да го прикрие потеклото на имотот префлил имот на тој член на семејството, односно блиско лице, Државната комисија ќе иницира покренување на постапка за испитување на основот на стекнување на имотот на тој член, односно блиско лице.“
Излегува, парламентот e поволна институција за тргување со влијание. Тоа на пратениците им дава можност за незаконско богатење. За Кржаловски од МЦМС и земањето на огромни суми пари за патни трошоци од страна на парламентарците, е доказ дека пратениците сепак парламентот го гледаат како можност за добивање повеќе средства:
„ На пример, прво беше борбата да се стави тоа во закон, да биде законска обврска да се пријави имотот, па потоа беше прашање како ќе се објавуваат па не беа јавно достапни, тие ги доставувале но никој не можеше да ги види. Па потоа кога се издејствува да се објавуваат јавно се објавуваат во калирана форма која е тешко да се прегледува. Мислам дека и ден денеска тоа не е направено да е електронски достапно со брзо пребарување веднаш да се најдат таквите ситуации, туку треба да ги поминете сите, па да споредувате рачно, што е ѓаволска работа плус наместо тоа да биде на клик на едно копче достапно“.
Се на се, кога станува збор за имотот на избраните и на именуваните функционери и посебно за следењето на движењето на нивниот и на имотот на нивните семејства за време на извршување на нивните функции, се уште е многу комплициран и нетранспарентен процес. Ова посебно што токму функционерите, вклучително и пратениоците во собранието, се токму тие што треба системот да го поедностават со цел тој да стане најтранспарентен за целата македонска јавност па оттаму и асоцијацијата во насловот на ова сторија: „Собранието – Алибабина пештера.
Ова, зошто токму тие, функционерите, посебно собраниските, додека се на функции и додека се во можност да ги подобрат нештата по овие прашања, се кочничарите на тие процеси и на таквите барања на најшироката јавност. Па, ккако што вели народната, „волкот го менува крзното ама не и карактерот“.
Автор: Христина Ајатоска – млад новинар, волунтер во институционалниот проект на СКУП во рамките на програмата ЦИВИКА МОБИЛИТАС.