Телма и Алсат најхрабро против корупцијата

Ова го покажа истражувањето чии резултати беа соопштени денеска во ЕУ Инфо центарот како дел од проектот „Заедно во борба против корупцијата“ кој го реализираа Центар за истражувачко новинарство „СКУП – Македонија“,  Институтот за човекови права и „Медиум“ – центар за развој на локални телевизии.

Мониторингот е составен од квантитативна и квалитативна анализа која покажа колкав простор отстапуваат медиумите за теми поврзани со корупција, како новинарите известуваат за истите и како се третираат овие теми. Следени се централните вести на пет национални телевизии: Телма, Алсат, МТВ1, МТВ2 и Сител во период од 90 дена, од 13 април до 13 јули 2018 година. Анализирани се 406 прилози.

„Резултатите од истражувањето покажуваат дека телевизиите „Телма“ и Алсат М освен што најчесто објавуваат прилози поврзани со корупција, истите траат најдолго и во нив се вклучени три или повеќе извори. Тоа не е случај кај МТВ1 и МТВ 2 каде проилозите се пренесувани како прости факти без проследен новинарски коментар или анализа.“ – изјави Марија Димитровска од невладината организација „ДЕССО“.

Димитровска додава дека само една третина од темите поврзани со корупција биле емитувани како главна вест. Иако е најавена како главна, подоцна се прикажуваат како вест пред спортските вести. Најчесто во вестите главна тема биле надворешно политички теми.

Новинарот Бардул Заини вели дека новинарите секојдневно се соочуваат со правни поими коиможе да им предизвикаат потешкотии во работата.

„Во рамките на проектот беше изработен прирачник на најчести изрази и поими потребни на новинарите во правосудниот речник и истиот ќе им биде достапен“ – изјави Заини.

Институтот за човекови права во рамките на овој проект ја следи работата на државното правобранителство и се фокусираше на тоа колку инстиуциите професионално ја извршуваат нивната работа, резултатите од ова следење ќе бидат објавени наскоро.

 

 

Проектот е финансиран од Европска унија и предвидува финансирање за истражувачки стории поврзани со корупција, како и регрантираање на организации кои се борат против корупцијата.

Оставете коментар

коментар(и)