Франсис Хауген, моќната укажувачка на Фејсбук

Минатата година Хауген го вклучи алармот за работењето на Фајсбук. Водена од лична емотивна приказна на нејзин близок пријател, кој ја негувал додека била болна од автоумуно заболување во 2011 година, а кој поради прекршувањата на Фејсбук се радикализирал

Пишува: Горан Лефков

Франсис Хауген е најновиот голем укажувач. Таа „свирна“ минатата година. Маката и тежината со која живееше не  беше поднослива. Нејзин близок пријател, кој се грижи за нејзиното закрепнување од 2011 до 2014 година, се радикализираше, „благодарение“ на алгоритмите на Фејсбук. Тоа е капка која ја прелеа чашата. Не можеше повеќе да издржи и пристапи на една мала невладина организација Whistleblower Aid (Помош на укажувачи). Во Септември 2021 година, нејзината сторија веќе беше во 9 продолженија на Вол Стрит Журнал со наслов The Facebook files.

Френсис е родена во 1983 година во Американската држава Ајова. Во 2002 година завршува средно образование во родниот Ајова Сити и продолжува на Харвард да се усовршува како програмер. Таткото на Френсис е доктор, додека нејзината мајка по завршувањето на високото образование станува протестантски свештеник.

Таа расте во чесно семејство каде човековите вредности се на прво место. Таа карактерна црта ја прогонува во нејзината кариера и не можејќи да издржи за манипулациите на алгоритмите на Фејсбук решава да излезе во јавноста.

По завршувањето на колеџот Френсис се вработува во Фејсбук и води неколку програми. Таа станува многу успешна во раководните структури на организацијата, и од компанијата и плаќаат постипломски студии.

Одреден период во 2015 година започнува да работи во социјалната мрежа Pinest каде креира алгоритми за полесно препознавање на личности. По сознавањето дека нејзин пријател се радикализирал во 2018 година се враќа во Фејсбук за да помогне да се намали влијанието на тн его комори кои ги создаваат социјалните мрежи, посебно Фејсбук. Несватливо за нејзе е што социјалните мрежи воопшто не ги предупредуваат луѓето за опасноста на Его коморите или лажните вести. Несфатливо за нејзе бил и системот на Гугл и Фејсбук кој ги форсира лажните вести што им дава и до 90% попуст на сајтовите за лажни вести. Со тоа ги стимулира објавите на сопствените мрежи, без при тоа да превземе одговорност за последиците од тие опасности.

Таа собира документи, го објавува скандалот, по што на 5 Октомври минатата година е повикана да сведочи пред Американскиот конгрес, обвинувајќи го Фејсбук дека знае како да ги предупреди корисниците за токсичноста на социјалните мреже Фејсбук и Инстаграм, но не го прави тоа бидејќи ќе ги изгуби астрономските профити, со што го става профитот пред здравјето на граѓаните. Процесите против Фејсбук се во тек во Американските институции.

Моментално Френсис е преселена во Порто Рико каде основа компанија за криптовалути.

Оставете коментар

коментар(и)