Пишува: Љубица Иванова
Само две од
првичните седум барања на движењето „Зелена револуција“ ги исполнила Владата
досега, иако на почетокот на декември беше ветено дека се исполнат во рок од
една недела.
Непосредно пред првиот марш за чист воздух, организиран од 29 граѓански здруженија од цела држава кои дејствуваат под името „Зелена револуција“, претставниците на оваа иницијатива добија покана за средба со премиерот Зоран Заев. Но, претставниците на движењето оценија дека нема потреба од средби додека не добијат гаранција од владата дека сериозно ја сфаќаат загриженоста на граѓаните околу загадувањето. Таа гаранција беше конкретна – ургентните 7 од 100 барања да се исполнат уште првата недела после 2 декември.
ЗА ПОВЕЌЕ ОД ДВАЕСЕТ ДЕНА, САМО ДВЕ ИСПОЛНЕТИ
БАРАЊА
Татјана Чакулев, една од тим лидерите на О2 иницијатива – здружение кое се бори за чист воздух, вода и почва и е дел од „Зелена револуција“ – вели дека немаат повратна информација од Владата за тоа што е остварено досега.
Рокот за исполнување на истите беше една недела после 4 декември, кога Владата на Северна Македонија на официјалната веб страна објави соопштение дека ги прифаќа сите 7 првични барања на „Марш за чист воздух“ и ја реафирмира поканата за средба.
„Единствено што знаеме е од одговорот што го дадоа, кога побаравме услов за средба, прелиминарно беше кажано дека ќе се стопира усогласување на одредени закони кои што се поврзани со животна средина и со законот за прекршоци, кажаа дека е стопирано и веруваме дека е, но тоа е еден лесен чекор што го направија и второ, на Владина седница ја донеле одлуката да ја раскинат концесијата за рудникот Иловица и Штука. Тие две барања се исполнети.“, вели Чакулев.
Првите седум барања, како услов за средба требаше да се исполнат првата недела, објаснува Татјана Чакулев. „За повеќе од две недели имаат две барања исполнето, истекува рокот на крајот од годината, ние не бараме да се исполнат сите 100 барања во овие рокови туку во голем дел бараме само започнување.“
Овде како пример ја наведува забраната за увоз на отпад како извор на енергија, потенцирајќи дека точно стои во законот кој член, кој став е тоа, за да се забрани, вели таа, во барањата се бара измена на законот, и тоа може да се донесе по скратена постапка во Собрание.
Според Чакулев, пратениците
многу брзо можат да ја усвојат таа измена ако се сака, бидејќи не се
барацелосна забрана за увоз на отпад, со оглед на тоа што сме потписници на
Базелската конвенција со која се утврдува транзитирање на отпад и не може тоа
да се менува, но себара забрана за увоз на отпадот како извор на енергија т.е
отпад кој се согорува.
Коалицијата на 29-организации „Зелена револуција“ изготви над 100 барања, кои ги упатија до Владата за време на маршот во
Скопје организиран на 29 ноември 2019. Барањата се ги содржат ургентните
интервенции од страна на Владата со цел намалување на загадувањето, како што се
почести контроли и казни на најголемите загадувачи.
ШТО Е ВЕТЕНО, А ШТО ИСПОЛНЕТО ОД ПРВИЧНИТЕ СЕДУМ БАРАЊА
1. Одземање на истечената концесија за експлоатација за рудникот Плавица.
–Владата се обврза:
„Предлогот се прифаќа и Владата се
обврзува да ја донесе оваа одлука најдоцна до 17.12.2019.“
-Од О2
иницијативата, реагираа дека оваа одлука Владата не ја донесе.
2. Да се усвојат на Влада измените и дополните на Законот за животна
средина со кои се идентификуваат и уредува постапувањето со контаминирани
подрачја
–Влада:
„Предлог-законот за изменување и
дополнување на Законот за животна средина, е ставен како точка на дневен ред на
130-тата седница на Генералниот колегиум на Владата, закажана за 4 декември
2019 (среда), по што ќе оди на разгледување и утврдување на седница на Влада на
10-ти декември 2019 (вторник), а потоа и на усвојување во Собранието на Северна
Македонија.“
– Преку фејсбук
статус, од О2 иницијативата реагираа дека измените и дополнувањата на законот
не биле на разгледување на владината седница:
3. ЈО да отвори истрага за Охис и за палење на кабли во Скопје
–
Владата (во соопштението на официјалната веб страна) го повика ЈО да го слушне
гласот на граѓаните и да отвори постапка за Охис и за палењето на кабли во
Скопје.
4.Одземање на концесијата на Еуромакс за рудникот Иловица-Штука.
-Премиерот Зоран Заев соопшти:
„Донесовме одлука за едностран раскин на
договорот за концесија за рудник на бакар и злато на локалитетот „с. Иловица”,
во Општина Босилово.“
Премиерот Зоран Заев, на фејсбук статус ја појасни одлуката, дека договорот
еднострано се раскинува бидејќи концесионерот нема поднесено барање со
целокупна неопходна документација за издавање на дозвола за експлоатација на
минерални суровини во рок од четири години по склучување на договорот за
концесија за експлоатација на минерални суровини.
Од Еуромакс, реагираа на одлуката на
Владата преку фејсбук статус:
„Каде е владеењето на правото г-дине Премиере Зоран Заев? Само пред неколку дена рековте дека ќе чекате Управен Суд да одлучи…“, алудирајќи дека жалбената постапка е се уште во тек во Управниот Суд.
5. Стопирање на процедурата на усогласување на законите од областа на
заштита на здравјето на луѓето, заштита на природни богатства, животна средина,
заштита на културно наследство, заштита од природни и други непогоди, комунална
хигиена со законот за прекршоци.
–Владата
го прифаќа барањето и ги стопира усогласувањата.
Ова стоеше во соопштението на Владата на веб страната влада.мк.
6. Поднесување на веќе изготвената апликација за прогласување на Охридско Езеро
и Студенчишко Блато како водно живеалиште од меѓународно значење до Рамсарскиот
секретаријат.
-Владата
се обврза да го исполни истото до крајот на 2019 година, во објавеното
соопштение.
7. Указ за итно носење на ДУП СИ 09 Гази Баба за Вардариште
–
Владата, преку соопштението вети дека планот ќе биде усвоен најдоцна до крајот
на 2019-та година.
ГЛАСОТ НА ГРАЃАНИТЕ, БИТЕН САМО КАКО ГЛАС НА ИЗБОРИ
Претставници од „Зелена револуција“ оценуваат дека само со исполнување на овие седум барања Владата има можност да покаже дека имаат волја и капацитет да пристапат кон решавање на проблемот со загаденоста.
Доколку не се исполнат барањата во првичните роковите, кои стојат на барањата или во вториот рок кој е пред изборите во март 2020 година, Татјана Чакулев најави можност за пристапување кон бојкот на изборите. „Очигледно нашите гласови се битни само кога се избори во прашања, а барањата на граѓаните се игнорираат колку што се може, додека не дојде време за гласање каде што ги бараат нашите гласови, затоа се одлучивме на таков чекор.“
Загадениот воздух е идентификуван како главен здравствен проблем на нашето време, кој на светско ниво предизвикува смрт во 1 од 9 случаи и предизвикува приближно 7 милиони предвремени умирања секоја година.
Според светска здравствена организација, дозволената граница за ПМ2,5 изнесува 25 микрограми/м3.
Просечната вредност на ПМ2,5 во Македонија, на годишно ниво изнесува 37микрограми/м3. Во Македонија годишно предвремено умираат 2.574 луѓе, од кои, годишно по 6 деца на возраст до 5 години, како последица од вдишување на ПМ2,5. -податоци од breathlife2030 |
Граѓаните од
година, во година сè позагрижени за воздухот кој го дишат, со цел да се покаже дека заедно сме посилни и
заедно можеме да дејствуваме, предводени од
еко организации кои дејствуваат на територијата на Македонија, се
формираше движењето Зелена револуција, каде преку протестен марш го изразуваат
незадоволството од институциите за непреземање на мерки против
аерозагадувањето.