Пишува: Горан Лефков
Тутунската индустрија е позната со манипулациите на науката уште во 50-тите и 60-тите години на минатиот век кога истураше пари по „научници“ за да ги оспоруваат наодите на вистинските научници кои излегоа со тврдењата за штетноста на никотинот по здравјето на луѓето.
Џефри Виганд се појави малку подоцна, во средината на 90-тите, поточно 4 февруари 1996 година со вистината за амониумот, како засилувач на дејството на никотинот во цигарите. Тој за прв пат излезе во јавност во емисијата „60 минути“ на Си Би Ес Њус.
Виганд започнал да работи како истражувач во компанијата Brown & Williamson во јануари 1989 година, а бил отпуштен на 24 март 1993 година. Според него, бил отпуштен како укажувач бидејќи знаел дека високите корпоративни директори свесно одобруваат додавање на адитиви во нивните цигари кои се канцерогени за здравјето и на пушачите и на непушачите. Кај пушачите создаваат и зависност. Најпозната состојка што предизвикува низа штетни ефекти е кумаринот. Браун и Вилијамсон презедоа заеднички напори да го дискредитираат Виганд. Тие ја ангажираа, Истражувачката група Интернационал да подготви досие од 500 страници за Виганд, кое беше дистрибуирано до медиумите. Досието се вратило назад, бидејќи медиумите и новинарите ги испитувале тврдењата во него, и откриле дека, многу тврдења за недолично однесување се неосновани или тривијални.
Во емисијата Виганд потенцираше дека примал многу закани дури и закани по живот. На донашната адреса му стигнало писмо со куршум, кој го предал на Федералното истражно биро (ФБИ), но тие наместо да поведат истрага за куршумот, му го конфискувале компјутерот.
Во 1996 година, новинарката и публицист, Ванити Феир го напиша текст со наслов „Човекот што многу знаеше“.
Во 1999 година, по оваа сторија беше направен филм кој достигна многу голема слава. Филмот се викаше „Инсајдер“, беше режиран од Мајкл Ман. Во главните улоги беа Ал Пачино и Расел Кроу. Филмот беше номиниран за Академи Авордс за најдобра фотографија и за најдобра главна улога.
По напуштањето на работата во Браун и Виљамс, тој се вработува како учител по физика, биологија и јапонски јазик во училиште во Американската сојузна држава Кентаки и во 1996 година ја прима наградата најдобар учител во Кентаки.
Јефри Виган е роден 1942 година во Њујорк, каде го поминува и детството. Ветеран е во војната во Виетнам. Виган сега е 80 години и живее во Мичиген со својата втора сопруга Хоуп Елизабет Меј.