30 години Германско – Македонска соработка

Оваа година се одбележуваат 30 години германско-македонска соработка. По овој повод Германското друштво за меѓународна соработка (ГИЗ), Германската кредитна банка за развој и обнова (КфВ) и амбасадата на Сојузна Република Германија организираа целодневен настан за новинари и медиумски работници на кој беа презентирани дел од успешните реализирани проекти. Воедно, со настанот сакавме да им оддадеме признание на новинарите и медиумските работници кои имаат важна улога во развојните процеси и општествените промени.


Во рамки на настанот беа посетени две локации. Првото место кое го посетивме беше паркот со ветерници во Богданци – eден од најзначајните проекти кои КфВ ги има поддржано, а во сопственост на АД ЕСМ чија изградба е финализирана во 2014 година. Во тек е втората фаза од конструкцијата на овој ветерен парк со чија реализација ќе се исполни планираниот капацитет од 50MW инсталирана моќност. “, истакна директорот на КфВ во Северна Македонија г. Мориц Реме.

Второто место кое го посетивме беше винарската визба „Тиквеш“ во Кавадарци каде се одржа кратка панел дискусија за поддршката и развојот на руралните подрачја и за проектите поддржани од ГИЗ. За време на дискусијата се обрати и директорот на ГИЗ во Северна Македонија, г. Давид Оберхубер кој истакна дека во моментов Германија преку ГИЗ поддржува повеќе од 15 проекти во Северна Македонија и регионот кои се фокусирани нa добро владеење и демократија, животна средина и климатски промени, и економски развој и вработување.


Имавме чест со нас на патувањето да биде и нејзината екселенција амбасадорката на Сојузна Република Германија г. Анке Холштајн. Таа ги претстави германските организации кои веќе 30 години работат во државата и информираше за приоритетните области на дејствување кон кои тие се насочени. „Во Северна Македонија активностите на ГИЗ се насочени кон поддржување на државата на патот кон Европската Унија преку различни проекти и иновативни пристапи кои се во согласност со Агендата 2030 и целите за одржлив развој“, истакна амбасадорката Холштајн. Во однос на развојната банка КфВ таа истакна дека најголемиот дел од портфолиото на KfW е во секторите обновлива енергија и енергетска ефикасност, наводнување, општинска инфраструктура како и финансискиот сектор.
На самиот крај амбасадорката Холштајн ги покани претставниците на медиумите, како и сите заинтересирани граѓани да го посетат отворениот настан на 17 септември, кој ќе се одржи во градскиот парк во Скопје од 12:00 до 16:00 часот. За време на настанот амбасадата на Сојузна Република Германија и останатите германски организации ќе ја претстават својата работа и проекти со цел да се одбележи 30 годишнината од германско-македонската соработка.

Оставете коментар

коментар(и)