Статии напишани од Горазд Чомовски:
-
НА ПОВИДОК НОВИ МЕДИУМСКИ ГРУПИРАЊА?!
Автор: Горазд Чомовски Политичката битка помеѓу лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски и екс-лидерот на СДСМ, Бранко Црвенковски во 2011 година заврши со клуч на врата за А1 телевизија. Настрадаа и весниците кои се издаваа од ова медиумска групација, додека сопственикот заврши во затвор поради затајување данок. Овие медиуми беа квалификувани како про – опозициски поради критичкиот однос кон власта. Иста судбина имаа и неколку останати медиуми, кои не... -
ПОЛИТИЧКАТА КРИЗА ГО ПОТРЕСЕ И БИЗНИСОТ – СТРАВ, ПОВЛЕКУВАЊА И ПРЕНОС НА КАПИТАЛ
Автор: Горазд Чомовски Појавувањето на ТВ Нова на медиумскиот пазар во 2015 година предизвика големо внимание во јавноста. Во истата година, сопственикот на овој медиум, Сеад Кочан, преку неговата фирма „Трансмет“ имаше склучено договори за градежни работи со државни фирми во износ од 3,2 милиони евра. Растот на неговите бизниси беше брз, успех кој експертите го препишуваа на неговата блискост до власта. Во една од прислушкуваните материјали, кои... -
СКУП истражува: Што „набилдаа“ функционерите во изминативе 10 години?
автор: Горазд Чомовски Скромен, насмеан и “народен” човек. Вака повеќето граѓани го опишуваа премиерот со најдолг стаж во поновата историја на Македонија во не толку далечната 2006 година кога запливуваше во политичките води. Но, од тогаш до денес не само што имаше турбуленции во политичка кариера на сега веќе екс-премиерот Никола Груевски, туку и во неговите банкарски сметки, за кои прашање е колку би се поистоветиле со описот... -
НА САМО ЕДЕН ПОЛИТИЧАР МУ Е КОНФИСКУВАН ИМОТОТ
Автор: Горазд Чомовски Излегувајќи од еден елитен ресторан во Скопје, лидерот на Обединети за Македонија, Љубе Бошковски беше спектакуларено приведен од страна на полициските специјални сили. Ден по предвремените парламентарни избори во 2011 година, тој имал средба со човек, за кој се мисли дека му ја дал хартиената торба во која имало 100 илјади евра. „Ме наместија“, извика бившиот министер за внатрешни работи Бошковски, додека претставници на полицијата... -
Економски промотори: Големи трошоци, мали резултати
Кога првиот економски промотор Димче Николов беше пратен во Италија, надежта дека земјата конечно ќе стане привлечна дестинација за инвестиции беше голема. Кон крајот на јануари 2008 година се забележаа првите контакти на Николов со италијански компании, каде тој се обидел да ги убеди инвеститорите дека Македонија е пријателски настроена кон странскиот капитал. Денеска Македонија брои 33 економски промотори кои се распространети низ поразвиените земји и региони на светот,... -
Општините „се вадат“ на немање услови за вработување на инвалидизираните
Пред околу две децении, 40-годишниот Зоран Јовановски од Струмица останал траен инвалид заради повреди здобиени во несреќен случај. Од тогаш тој морал да се приспособува на новиот начин на живот, при што, наместо нозете, за движење користи инвалидска количка. Од тој трагичен момент ги искусил сите премрежја во животот. Во неговиот алманах на битки се слики од такси комапнијата што морал да ја затвори, па останал без работа и... -
Поплави: Нетранспарентни постапки за нечисти канали
Урнатините на дворот сè уште му будат лоши спомени на Златко Јовевски од Смилковце. Неговата куќа е скоро уништена од поплавите во почетокот на август, но и дополнително оштетена од неодамнешните серија земјотреси. Жителите од ова место на периферијата од Скопје, пред само еден месец, ги видоа буиците што однесоа човечки животи, па го почуствуваа и земјотресот што на многу од скопјаните им го всади стравот од нова несреќа....