
Автор: Горан Лефков Немаат опрема, одат во стара униформа, храна која ни од далеку не ги задоволува нивните потреби. Но, затоа нивните претпоставени имаат одврзани раце да се гоштеваат во скапи ресторани со богата трпеза и да трошат вртоглави суми за угостителски услуги и репрезентација. Така за 6 години овие две министерства само за репрезентација потрошиле 2,8 милиони евра, од кои Министерството за внатрешни работи потрошило 1,5 милиони...