Таг Архиви: шверцери

Трговија со мигранти: Балканската берза на судбини

автор: Горан Лефков („Сторијата е поддржана од ЦИН СКУП Македонија во рамките на НЕД проектот “Промовирање отчетност преку истражувачко известување”.)

Шверцерите со бегалци заработија милијарда евра

Балканската рута на шверц повторно има „роба“ за шверцување. Овој пат тоа се луѓето од Сирија. За ветената Германија, сириските бегалци, само од почетокот на годината, на турските шверцери им имаат платено од половина до една милијарда евра. Ахмед Келани, учител од Сирија за трансферот на неговото семејство преку Турција платил по 700 долари по човек. „Платив 5.600 евра за моето семејство од 6 членови, од кои и две...