Општините тонат во долгови, градоначалниците бараат фискална децентрализација
Пишуваат: Ѓурѓица Бојчовска и Љубица Иванова Во Република Македонија многу од општините тонат во долгови и имаат блокирани сметки. Тие им создаваат големи проблеми на општините заради што не се во состојба успешно да ги извршуваат законски доверените надлежности и да даваат квалитетни услуги на граѓаните. Околу 20 општини имаат континуирано блокирани жиро сметки, од кои некои и со децении. Меѓу причините за таквата состојба се нерационалното работење...