Категорија: Истражување

Дигитализација: Попримамливи странските канали, домашните немаат ниту телетекст

Жителите на демирхисарското Ново Село немаат голем избор на своите ТВ-приемници, па информациите за тоа што се случува надвор од нивното место на живеење ги дознаваат само преку трите програми на МРТВ, вклучувајќи го и собранискиот канал. Иако имаат набавено уред за прием и на другите национални канали, чиј сигнал би требало да стигнува и до нивните домови, сепак таа услуга не ја добиваат. Но, тие не се единствените....

СКУП истражува: Пратеници – една дискусија 400 евра

  ДОКУМЕНТАЦИЈА1  ДОКУМЕНТАЦИЈА2 Aлармот на телефонот за Сашко од Кочанско ѕвони точно во 5 и 10, време кога станува за да се подготвува за уште еден работен ден. Тој е работник во една од странските инвестиции во Источна Македонија, каде денот треба да му донесе дневница од 500 денари. „Заработувам 12.000 денари плата. Работам 25 дена месечно, тоа значи секоја сабота. Една недела прва, другата втора, па трета смена“,...

Министерски примања: Половина милион евра само за плати

  ДОКУМЕНТАЦИЈА   Стотриесет и три илјади денари или нешто повеќе од 2000 евра е платата со која екс-премиерот Никола Груевски го напушти премиерското столче на Илинденска бб. Иако, ова не е највисоката сума споредено со другите функции во државата, што не ја прави исклучително ексклузивна, уникатно е тоа што единствено кај нас е вистински подвиг да се дојде до една ваква навидум обична информација која во соседните земји...

Предизборни вработувања: Повеќе од 1000 нови комуналци за само две години

ДОКУМЕНТАЦИЈА   Застарена машинерија, намалена ефикасност и незадоволни граѓани. Ова е сликата на комуналните претпријатија, кај кои изгледа дека ништо не се менува, освен бројот на вработените. Истражувањето на Центарот за истражувачко новинарство СКУП Македонија покажа деказа секои избори бројот на комуналци се зголемува. Така во 2005 година во комуналните претпријатија работат 6.034 комуналци, во 2008 и 2009 во очи на локалните избори се вработени дополнителни 1.000 луѓе. Повеќе...

За патни трошоци потрошени 7.4 милиони евра: пратеникот Наумовски наплатувал како со кола да доаѓа од Австралија во Македонија

Пратеникот во Македонското собрание од изборната единица Азија и Австралија, Васко Наумовски, е скоро непознат за домашната јавност. Ретко се појавува за излагање, за реплика или пак за да постави пратеничко прашање. Но, ако се суди според сумите кои ги наплатил за да патува низ државава, очигледно тој повеќе е активен надвор, на терен отколку во собраниското столче. Центарот за истражувачко новинарство СКУП-Македонија, користејќи го законот за слободен пристап...

СКРОМНИ ЛИДЕРИ ИЛИ МАСКИРАНИ МИЛИОНЕРИ: КОЛКУ ТЕЖАТ ГРУЕВСКИ, ЗАЕВ, АХМЕТИ И ТАЧИ?

Груевски, Ахмети, Заев, Тачи… Ова се лидерите на четирите најголеми политички партии кои носат одлуки во името на сите нас, граѓаните. Нивните ставови секојдневно ги слушаме, но многу малку знаеме што се крие зад „фенси“ оделата и луксузните автомобили во кои се возат. Ако се суди според изгледот, заедничко за четворицата лидери на најголемите партии е што им годи политиката – имаат по неколку килограми плус откако се на...

Антикорупционерите со двојни аршини: борба или заштита на корупцијата?

Неажурирани податоци, бришење на имотните состојби на бившите функционери и долга листа на актуелни избраници кои не доставиле анкетни листови. Ваква слика дава базата на податоци на Државната комисија за спречување на корупцијата кога некој граѓанин ќе се обиде да дознае како работи телото задолжено да ги штити од злоупотреба на нивните пари од страна на државните функционери. На сајтот на Државната комисија за спречување на корупцијата не можат...

Македонските студенти со најлош стандард на Балканот

Распаднати кровови и подови. Распаднати ѕидишта, руинирани објекти. Ова е сликата за македонските студентски домови. Оваа слика, е и синоним за македонскиот студентски стандард. СКУП Македонија, направи истражување за студентската живеачка во Македонија, во однос на другите земји од Балканот. За оваа намена споредивме неколку параметри на студентскиот стандард во Бугарија, Романија, Србија, Хрватска и Словенија. Тие се земји, што географски и според развојот се најблиски до нас. Во...