Судскиот совет тежи 3,2 милиони евра: Горигева најбогата, Зендели најсиромашен а Николовски со колекција на пушки
Центарот за истражувачко новинарство „СКУП – Македонија“ во рамки на проектот „ПЕП“ ги анализираше податоците од имотните листови на членовите на Судскиот Совет на Република Северна Македонија. Кој е најбогат, а кој најсиромашен член на Судскиот Совет. Каков друг имот пријавиле членовите на Советот беше тема на нашето денешно истражување. Изготвил: Тим на СКУП Македонија Лорета Горгиева најбогата помеѓу 11- члениот Судскиот Совет на РСМ. Нејзиниот имот вреди 730.492...