Категорија: Истражување

Хаос со отпадот: илјадници диви депонии, ниту една стандардна

Пишува: Горан Лефков Состојбата со одлагањето на отпадот во Северна Македонија е повеќе од алармантна. Ниту една градска депонија како што се нарекува кај нас не ги исполнува условите за одлагање на отпадот, и скоро сите се дивоградби и не се урбанизирани. Само Дрисла има некакво планско одлагање на отпадот, но е далеку од стандардите бидејќи нема пречистителна станица за преработка на отпадните води. „Ниту една од 54 општински...

Регионалните депонии – децениски ветувања без реализација

Пишува: Горан Лефков Модерна регионална депонија во Овчеполијата во 2027 година. Ова е ветување на секој градоначалник од Источниот и Североисточниот плански регион. Но дали овој сон ќе стане јаве до 2027 година? Според податоците на Министерството за животна средина и просторно планирање, вкупните трошоци за поставување на системот за отпад, со изградба на 4 регионални депонии, транспортни средства и контејнери, треба да чини 83 милиони евра. Од нив...

ГОЛГОТАТА НА СОПСТВЕНИЦИТЕ НА ЕЛЕКТРИЧНИ ВОЗИЛА ВО МАКЕДОНИЈА: НЕМА ДОВОЛНО ПОЛНАЧИ, НО И СВЕСТ

Пишува: Тања Велкова Северна Македонија е црна дупка на апликациите за полнење на електрични возила. Ова е горкото изкуство на 45 годишниот Шандор од Унгарија, кој го затекнавме во еден од Скопските трговски центри каде го полнеше својот електричен автомобил за да стигне до Грција. Тој е сопственик на електрично возило веќе 6 години, но ваква голгота како во Северна Македонија не му се случила никаде. „Имам поминато цела...

ЕКОЛОШКАТА БОМБА „ДРИСЛА“ ИМ ГО ПРЕТВОРИ ЖИВОТОТ ВО ПЕКОЛ НА 50 ИЛЈАДИ ЖИТЕЛИ

Пишува: Лорик Идризи Екипа на Скуп Македонија Депонијата Дрисла го претвори животот на Батинци и Љубош во пекол. Околу 50 илјади граѓани не можат да излезат од дома, водата во Маркова река се сомневаат дека е токсична, а воздухот за дишење им е помешан со смрдеата од депонијата Дрисла. Апокалиптичната слика ги натера граѓаните на неколку населени места околу депонијата да излезат на протести минатата недела. Нивните барања се,...

Соларната експанзија во енергетиката ги уништува земјоделските површини

Пишува: Миле Ѓорѓиоски Екипа на СКУП Македонија Северна Македонија веќе има над 30% инсталиран капацитет за обновливи извори на енергија. Ако се реализираат и најавите за инвестиции на неколку големи компании повеќе од половината инсталирани капацитети ќе бидат од обновливи извори на енергија. Ентузијазмот ги држи инвеститорите и понатаму, вели Марко Бислимовски, претседател на Регулаторната комисија за енергетика. „Има огромен интерес за изградба на фотоволтаици. Од први јануари до...

Општините незаинтересирани и неподготвени за климатските промени

Пишува: Александар Писарев Разочарувачки мал дел на општини имаат издвоено средства за справување со климатските промени. Само 10 отсто од општините предвиделе средства за оваа намена, и тоа најчесто е за некаква конкретна активност. Општина Делчево издвоила 8.000 евра за прочистување на коритото на Реката Брегалница додека Општина Виница има предвидено пари за плаќање на фактура на компанија која ја третирала депонијата со метода на алги, за да се...

Државата не инвестира во справување со климатските промени

Кристијан Караџовски Екипа на СКУП Македонија Пожари, поплави, нестандардно однесување на природата. Ова се дел од секојдневните последици од климатските промени. Светот е исправен пред голем предизвик. Се прават сериозни напори и се вложуваат огромни инвестиции за да се намалат последиците од глобалното затоплување. Ако светот не дејствува одлучно и брзо за да го смени овој тренд, ризикуваме од опасно високи температури и ескалација на трошоците. Тоа за кое...

ОД СЛАМА И АРПА ДО СТРУЈА И НАЗАД ДО ЕКО АМБИЕНТ

  Александар Георгиев Екипа на СКУП Македонија   „Во пожар изгоре земјоделска механизација кај село Мојанци кочанско“! Ова е насловот на веста што на 17-ти јануари оваа година ја објавија македонските медиуми. Во неа уште се додава дека пожарот се уште беснее и дека нај сериозна е состојбата меѓу селата Грдовци, Мојанци и Горни Подлог каде што во опасност де доведени повеќе семејни куќи. Ваква или слични вести во...