Невладините бараат итен избор во државните институции
Десет мрежи на невладини организации, денеска, на прес конференција повикаа на итен избор и именување на кадри во повеќе институции и тела од страна на собраниската Комисија за прашања на изборите и именувањата. Станува збор за Комисијата за спречување и заштита од дискриминација, Дирекцијата за заштита на лични податоци, Агенција за слободен пристап до информации од јавен карактер, Државниот завод за ревизија, Програмскиот совет на Македонската радио телевизија, Советот...