Mакедонија изгубила скоро 5,5 отсто од шумскиот фонд

Иво Ристевски

Последните 7 години се инвестирани околу половина милион евра во заштита на шумите во Македонија. Ако се спореди со дивата сеча и продажба на дрва во земјава која според експертите се цени на 140 милиони евра годишно.

А, само мината и предмината година, штетите од пожарите надминаа 60 милиони евра.

Според Државниот завод за статистика во 2020 и 2019 година воопшто не се инвестирани средства во заштита на шумскиот фонд во државава, додека најмногу финансии во инвестиции и трошоци за заштита на шумите биле вложени во 2015 година, 193.000 евра и 2018 година, кога севкупните инвестиции за пошумување биле 176.000 евра

Шумите покриваат околу 38.5% (988.835 ha) од површината на земјата, каде доминираат листопадните шумски видови (58%), потоа мешаните шуми (30 %), па иглолисните (7%), а најмалку присутни се деградираните шуми (5%). Околу 90% од шумите се во државна сопственост.

Според анализите за управување со природни ресурси, размерите на нелегалната сеча во државава се меѓу 25 и 30 отсто. Борбата против бесправната сеча, се одвива во соработка меѓу шумската полиција и полицијата на Министерството за внатрешни работи: полициските власти, кои се одговорни за сузбивање на сите нелегални активности во земјата, вклучувајќи ги и шумските активности, се преземаат дејства против сторителите заедно со шумарската полиција. Сепак, мал број на полициски работници, недостатокот на материјална опрема, недоволен професионален капацитет навидум ја попречуваат ефикасната борба против нелегалното сечење. Институционалните капацитети за спречување на нелегалната сеча во институциите се недоволни. Главните причини за бесправна сеча во Македонија се неповолни социјални и економски услови, недоволен број шумски полицајци и неефикасната администрација на одделот за правда. Исто така, постои разлика во цената на исеченото дрво кога се добива на нелегален начин, бидејќи се продава по поевтина цена.

Според истражувањето на Евротинк, ПУСТОШЕЊЕ НА НАШАТА ИДНИНА: ФОРМИ/МОДЕЛИ  НА ОРГАНИЗИРАН КРИМИНАЛ ВО БЕСПРАВНАТА СЕЧА ВО РЕПУБЛИКА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА, бесправната сеча се состои од уништување на шумите, што подразбира прекршување на прописите и наредбите на органите за управување со шумите и националните законодавства, т.е. бесправната сеча се секое дејство што ја намалува плодноста на шумите и со тоа ја загрозува или ја спречува трајноста на шумското производство во однос на шумската култивација на тоа земјиште или го загрозува опстанокот на шумата од поголеми размери. Истражувањето покажа дека постојат две основни форми/модели на криминал поврзан со бесправната сеча во Северна Македонија – мала бесправна сеча, позната како „кражба за опстанок“, каде што лошите социо-економски услови ги тераат граѓаните, поради сиромаштија, да крадат огревно дрво за лична употреба, и бесправна сеча спроведена од организирани криминални групи, која обично е придружена со голем број меѓусебно поврзани кривични дела. Овој извештај дава увид во формите и моделите на организиран криминал во врска со бесправната сеча, според моделите на организација, соработката и вклученоста на јавните институции, политичките актери и членовите на локалните заедници.

Овој напис е развиен со поддршка на грантовите за професионален развој на Journalismfund.eu за еколошко новинарство.

Оставете коментар

коментар(и)