
Во рамките на Акцискиот грант од Цивика Мобилитас, Асоцијацијата за демократски иницијативи (АДИ) воспостави четири локални мрежи за застапување на мултикултурни политики. Во Гостивар, Брвеница, Врапчиште и Тетово се воспоставени мрежи сочинети од претставници на локални граѓански организации и неформални групи, локални институции и Комисија за односи меѓу заедниците (КОМЗ). Целта на мрежите е преку неформално здружување да се дискутираат и иницираат промени кои се однесуваат на мултикултурниот соживот...