Имотот на партиите – невидлив во извештаите
Финансиите на партиите се под лупа на институциите, но не толку колку нивниот имот, кој би требало да биде на увид на јавноста, коментираат експерти по објавената сторија на СКУП-Македонија, каде детално ги објавивме имотните листови на четирите најголеми партии. Иако од партиите тврдат дека тие редовно прават попис и овие документи ги доставуваат до државните институции, сепак, на нивните веб страници не можат да се видат ниту годишните...