Дебата: „Истражувачко новинарство-за да се дознае вистината“
Граѓаните треба да се охрабруваат и да соработуваат со новинарите за проблемите во општеството е една од поентите кои беа изнесени на денешната дебата „Истражувачко новинарство-за да се дознае вистината“, која ја организираа Македонскиот институт за медиуми и Центарот за истражувачко новинарство СКУП-Македонија во соработка со он-лајн магазинот „Инбокс7“. На дебатата зборуваа повеќе истражувачки новинари и експерти од оваа област. Зоран Иванов,долгогодишен уредник и доајен во македонското новинарство направи...