Градејќи го Скопје, ја запустеа источна Македонија
Уништени претпријатија, ниски плати, лоши сообраќајни поврзувања, сиромаштија, иселување на младите. Ова е сликата за источна Македонија низ призма на економските параметри и стандардот на населението. Квалитетот на животот е опаднат до самото дно. На истокот не се случуваат културни настани, нема спортски клубови кои ќе ги привлечат младите. Причина за ваквата состојба е ужасната економска состојба, вели економскиот аналитичар од Кочани м-р Горан Стојановски. „На економијата во...