Партизација и лоши услови за работа: секој трет полицаец си заминува од МВР
„Оставете го пунктот кај Агросервис, и заминете на обезбедување на куќа, каде е извршен грабеж“, ова беше наредбата која ја доби патрола на сообраќајната полиција на 12 март, веднаш по полноќ. Објаснувањето на дежурниот полицаец по радиоврската беше дека нема луѓе и мора тие да заминат. Причина за ваквата состојба е што бројот на вработени во Министерството за внатрешни работи постојано се намалува. Според податоците на Министерството за финансии...