
„Корупцијата убива“ е насловот на последниот документарен филм на Здружението за афирмација на мултимедијална уметност ИН-ВИ ИДЕА со седиште во Гостивар. Документарецот ги детектира проблемите предизвикани од корупција во општеството, институциите, државата и во секојдневниот живот на граѓаните и се осврнува на недостатокот на политичка волја, но и на граѓанските иницијативи за борба против оваа негативна појава. Документарецот е реализиран во рамките проектот „Заедно против корупцијата“, имплементиран од страна...