Безмилосна експлоатација на природата: се уништуваат реки и почва, трпи земјоделството
Пишува: Горан Лефков Концесиите за користење на минерални суровини и води се издаваат без многу административни проблеми, но државата нема скоро никаква придобивка. За експлоатација на нејзините ресурси од приватни бизниси државата наплатува само 8 милиони евра годишно. Иако се издадени концесии за 50-тина видови минерални суровини, сепак најмногу концесии има издадено за експлоатирање на варовник – 110, за вода – 47 и за песок и чакал – 43...