„ШИРОК КОНСЕНЗСУС“ ЗА ЗАГАДУВАЊЕ НА КОЧАНИ: ПРОФИТОТ ПОВАЖЕН ОД ЗДРАВЈЕТО
Пишува: Горан Лефков Кочани до скоро важеше за најчиста урбана средина во Македонија. Со околу 30 илјади жители, градот лежи на Кочанското поле, познато по квалитетниот ориз и термалните води. Овој град од источна Македонија беше синоним на здравата средина, чистиот воздух и бистрата вода. Се се смени кога во 2016 година повторно почна да работи фабриката за хартија „Пејпер Мил“. Од тој ден градот е претворен во депонија...