Новинарска работилница: Судовите да се отворат за јавноста
Новинарите се експоненти на јавноста, неа и служат и работат само во нејзин интерес, а јавноста има право да знае. Ова синтагма доминираше и во анализите на новинарската работилница посветена на судската практика и на отвореноста на судовите за медиумите. Во дебатата учествуваа новинари од повеќе телевизиски и портал редакции и адвокати. Во отсуство на претставници од судовите, организаторите, Здружението на новинарите на Македонија, порталот за судска практика „Сведок“...