Проблемот наречен Русино: Сметот се трупа и пали, решението сѐ уште на хартија
автор: Дејан Ангеловски Дивата депонијата Русино е лоцирана над Гостивар, во Бањичкото Поле, каде тече Сушичка Река која го напојува Бањичко Поле и се влива во Реката Вардар. Многу гостиварци оваа локација ја посакувале за излетничко место, но наместо тоа, Русино се прочу како депонија која со последните мерења се проширила на површина од 120.000 м2, сѐ до националниот парк Маврово, каде многумина доаѓаат за да најдат мир...