Помеѓу личната придобивка и јавниот интерес: Дали и медиумите се виновни за кризата?
Кога владата почна да спроведува кампањи и истите да ги рекламира, повеќето од приватните медиуми во Македонија влегоа во трка кој да придобие поголем дел од колачот. Експертите велат дека не се само рекламите, туку и тендерите со кои се купува медиумската наклонетост. Оваа ситуација во македонскиот медиумски пазар покрена неколку прашања и дилеми: Дали медиумите стануваат параван на бизнисот? Може ли еден медиум како приватна сопственост да води...