Компјутери во магацините, наместо во рацете на децата
Теодора Цветковска, Љубица Иванова и Ѓургица Бојчовска Скоро половина од компјутерите доделени на училиштата како дел од проектот „Компјутер за секое дете„ се нефункционални, украдени или скапуваат во магацините на образовните институции во државава. Центарот за истражувачко новинарство СКУП-Македонија дојде до фрапантни податоци за состојбата со училишните компјутери кои наместо да ги образуваат децата, се претворија во декор или завршија во електронски отпад. Ова го покажа истражувањето кое...