Македонија останува без шуми поради лична корист на поедници
автор: Искра Опетческа Вработени на одговорни функции во Јавното претпријатие (ЈП) “Македонски шуми”, подружница “Бабуна” Велес, го кршат Законот за шуми со што на незаконски начин заработуваат илјадници евра на грбот на државата и на приватните сопственици на шуми, тврди Жилбер Жак Арсов сопственик на 42 хектари земја со 700 метри кубни дрва во атарот на велешкото село Ветерско. “Еден од најголемите проблеми се испратниците. Податоците напишани на испратниците...