СКУП Македонија е невладина и непрофитна организација чија цел е да го унапредува, поддржува и поттикнува истражувачкото новинарство. Нејзина задача е да им дава поддршка на новинарите во секојдневната работа, да им помага финансиски или професионално во промовирањето на истражувачкото новинарство во земјата и регионот, но и на светско ниво.
Постоењето на СКУП Македонија го овозможи Данската асоцијација за истражувачко новинарство и мрежата на Центри за истражувачко новинарство кои се дел од Проектот за известување за организиран криминал и корупција со седиште во Сараево. Истовремено СКУП Македонија доби поддршка и од останати релевантни организации од целиот свет активни во истата област, а со кои имаме плодна соработка и од кои добивме огромна поддршка при основањето на центарот.
Во изминатите години, проектот СКУП од Данска со седиште во Копенхаген, со помош на Меѓународната медиумска поддршка, несебично го промовира истражувачкото новинарство во Македонија, а резултат од тоа се бројните истражувачки стории објавувани како во локални, така и во национални печатени и електронски медиуми во земјата. Охрабрени од тој факт, ние би сакале да ја продолжиме мисијата и со новиот Центар за истражувачко новинарство СКУП Македонија, а во партнерство со сите организации активни на полето на истражувачкото новинарство.
Целта на Центарот за истражувачко новинарство СКУП Македонија е понатамошно унапредување и поттикнување на развојот на истражувачкото новинарство во Македонија и пошироко како битна алатка во борбата против организираниот криминал и корупцијата, како и зајакнување на демократските капацитети и подобрување на професионалните квалитети на новинарството и на демократската атмосфера во земјата воопшто.
ВИЗИЈА на организацијата е нулта корупција, демократски и транспарентни институции и квалитетен живот.
МИСИЈА СКУП-Македонија ја сочинуваат група искусни, професионални новинари, чија МИСИЈА е употреба на алатки за истражувачко новинарство со цел намалување на корупцијата и подобрување на животот на граѓаните во насока да се обезбеди добро владеење, транспарентни институции и заштита на човековите права.
Активностите на СКУП Македонија ќе бидат насочени кон стимулирање на истражувачкото новинарство во земјата преку организирање семинари, конференции, предавања, како и обезбедување финансиска поддршка и логистика за новинарите во текот на нивната истражувачка работа.
Предизвикот го гледаме во поврзување на новинарите од Македонија со нивните колеги од регионот и пошироко, момент кој би сакале да го подобриме, бидејќи на границите не треба да се гледа како на пречка, туку како можност за подобра соработка и можност за усовршување на вештините на новинарското истражување.
Организацијата соработува со сите регионални и странски центри за истражувачко новинарство и е дел од мрежата центри OCCRP.
СТАТУТ на Центар за истражувачко новинарство СКУП Македонија
ПРАВИЛНИК ЗА ПРОФЕСИОНАЛНИ И ЕТИЧКИ СТАНДАРДИ
СКУП Македонија е член на Глобалната мрежа за истражувачко новинарство (GIJN).
СКУП Македонија е еден од основачите и член на Коалицијата за заштита на свиркачите.
Претседател:
–Горан Лефков е истражувачки новинар од 2009 година. Првата истражувачка сторија ја напиша за СКУП Македонија уште додека СКУП функционираше како проект на International Media Support. Уште од самото основање на организацијата работи како истражувачки новинар. Досега има објавено повеќе од 100 кратки документарни филмови за корупција и уште најмалку 200 истражувачки стории. Најпознати се: Сторијата за богатството на политичките партии, за патните трошоци на пратениците и уште многу други. Со неговите стории досега има заштедено над 1 милијарда евра пари на граѓаните на Северна Македонија.
Активен член на повеќе меѓународни организации за истражувачко новинарство, Член и основач на Балканската мрежа на научни новинари и уште многу други организации.
Член на Советот на Честа при ЗНМ од 2018 до 2022 година.
Во 2021 година доби пресуда на Германскиот уставен суд каде заедно со 6 други истражувачки новинари ја тужеа Германската Влада за закон за прислушкување од страна на тајната служба на Германија, БНД.
Основачи/Директори:
Џелал Незири е искусен истражувачки новинар и аналитичар. Тој е претставник на данскиот СКУП проект во Македонија уште од 2008 година, со задача да ги координира националните и транснационалните истражувачки стории. Во моментот, Незири е коосновач и директор на Центарот за истражувачко новинарство СКУП Македонија со седиште во Скопје и член на Меѓународниот советодавен одбор на Journalismfund.eu со седиште во Брисел.
Контакт: xhelalneziri@gmail.com
Александар Божиновски е наградуван македонски новинар со речиси 20-годишно професионално искуство. Неговите почетоци се во 1994 година како судски известувач, додека сè уште бил студент на Факултетот за новинарство. Со текот на времето тој станува истражувачки новинар чии клучни области на интерес се полицијата, армијата, организираниот криминал и корупцијата. Уште како студент за првпат се запознава со истражувачкото новинарство на предавањата на Денис Хамилтон, своевремено истражувачки новинар за LA Times, кој бил визитинг-професор на Универзитетот во Скопје. Тој има учествувано и во работата на некои невладини организации со луѓе од Националниот институт за демократија од Вашингтон. За време на неговото работење во Нова Македонија (1999 – 2003), своевремено владин дневен весник, тој пишува стории за Алтернативната информативна мрежа, заедно со уште 20 други новинари од поранешните југословенски републики, раководена од страна на познатиот новинар Ким Мехмети, а основана од страна на Советот на Европа. Во тој период, Божиновски почнува да работи како новинар во новиот дневен весник Време, каде освојува неколку награди и тоа за новинар на годината на Време (2005), за најдобра истражувачка сторија од Македонскиот институт за медиуми спонзориран од Данска. Таа награда е за неговата најдобра истражувачка сторија до денес, позната по името „Случајот Калид ел Масри“. Божиновски е првиот новинар во светски рамки кој открива случај на вонредна екстрадиција (киднапирање на осомничени за тероризам од страна на разузнавачки агенции). Сторијата ја превземаа NY Times и го запознаа светот со неа. Германската телевизија ZDF се здружи со Божиновски во 2005 година за да го прошири истражувањето во врска со случајот Масри. Во тоа време, Божиновски започнува соработка со Проектот за организиран криминал и корупција, новинарска организација основана од страна на USAID во Вашингтон, која ја сочинуваат истражувачки новинари од 10 други земји кои заеднички изготвуваат стории на теми од организиран криминал и корупција. Божиновски работи на неколку стории за OCCRP и во 2010 е финалист за наградата Даниел Перл на Глобалната конференција за истражувачко новинарство одржана во Женева. Тој исто така има вршено истражување за Глобален интегритет. Божиновски истражува и за неделникот Форум, дневниот весник Ден и за порталот Република. Во 2011 година, заедно со Жаклина Хаџи Зафирова и Џелал Незири, го основаат Центарот за истражувачко новинарство СКУП Македонија. Во текот на 2013 година Божиновски е назначен за менаџер на НЕД: Подигнување на јавната свест за корупцијата преку истражувачкото новинарство.
Контакт: aleksandar@scoop.mk