ИЗВОРОТ НА КОРУПЦИЈАТА СЕ ЈАВНИТЕ ПАРИ И ФУНКЦИИ

Едно е сигурно, без транспарентност и отчетност за трошењето, не може да се очекува рационално користење на јавни пари.

Извор на корупцијата се јавните пари, државните буџети. И општинските, исто така. Како и парите со кои располагаата јавните претпријатија и сите други јавни институции и установи како агенцииите и разните државни комисии.

Корупцијата е рак  рана за секја држава. Во развиените европски демократии благофдарејќи на високиот степен на самостојност на државните институции, на  нивната дистанца од политиката и политичките партии, корупцијата е контролирана и  евидентноказнива појава. Во државите со мал демократски капацитет, меѓутоа, меѓу кои се вбројува и нашата но, со поголеми или помали варијации и сите балкански држави, корупцијата е доминантното општествено зло.

Оттука, за градење и  за одржување на здраво граѓанско општетсво многу е важна транспарентност при трошењата на јавните пари од страна на функционерите на сите нивоа како и отчетноста на институциите. Констатции од кои долги кодини не се помрднуваше и кои долги години за јавноста беа само дел од речникот.  Трошењето на јавни пари функционерите го третираа како државна тајна, а граѓаните речиси никогаш немаа увид во тоа колку пари трошат нивните избраници. 

За држава со ограничен буџет како н а нашата, особено е важно каде, а уште повеќе и како се трошат нејзините пари.  Граѓаните бараат одговори. Вонивно  име новинарите истражуваат, добиваа анонимни дојави, но вистинската слика за луксузирањето на функционерите може да се види откако ќе им поминат мандатите, односно откако се случува промена на власта. Така, за некои од поранешните министри тоа го видовме дури во 2017-та година. Тогаш од министерствата протекоа податоците за милионските суми кои екс функционерите ги трошеле за репрезентативни трошоци. За екстремниот луксуз како нарачките на коњско месо и бизон на жар, јавноста не можеше да најде оправдување. Токму затоа барањето за отчетност и транспаренстност стана едно од главните граѓански барања од новата влада.

Александар Чомовски, новинар:

„Не може да одиш во Европа со својот балкански менталитет.Тоа не е карактеристика само за Скопје и за Владата. Јас имам одлични конекции и со Бугарија и со Белград. Иста ситуација. Иста ситуација.“

По долги години „перде на очите“ беше најавена „операција“ во облик на веб алатка за отчетност на носителите на јавните функции.  Оваа алатка од 2017-та до 2019-та година ги прикажуваше трошоците направени од страна на министерствата, трошоците на функционерите и типот на трошоци кои тие ги правеле со буџетски пари. Алатката дава детален приказ за тоа колку е потрошено на угостителски услуги дома и во странство, колку на хотелско сместувње, на авионски карти и слично. Но, цела 2020-та година алатката не беше ажурирана. Центарот за истражувачко новинарство Скуп, испрати барања за пристап до информации од јавен карактер до сите министерства. Повеќето од нив, наместо во името на јавноста да не` удостојат со одгвори веднаш, не` упатуваа да го почекаме

на интернет алатката.

Кабинет на министерот задолжен за борба против корупцијата: 

„Алатката за отчестност е веќе ажурирана и податоците за 2020-та година се достапни на старната на Владата на Република Северна Македонија“.

Во чинот на воведувањето на владината електронска евиденција за трошењето на јавните пари од страна на јавните функционери, политичките аналитичари гледаат мала позитивна промена во однесувањето на функционерите кон јавните при. Па, сепак, сметаат дека тоа се уште не е доволно за целосна контрола врз буџетските средства.

Благојче Атанасовски, аналитичар:

„Има некаква декларативна заложба кај новата владејачка гарнитура, односно староновата, за отворање на податоците, односно увид на јавноста, пред се на медиумската јавност во трантноста во трошењето на јавните пари. Но тука станува збор за еден долготраен процес и промена на свеста кај владејачката елита во изминативе 30 години во Македонија.“

Сегашната владина гарнитура останува на тврдењата дека заложбите за транспарентност се дел од приоритетите на оваа власт.

Кабинет на министерот за борба против корупција:

Владата на 7 декември 2020, ја усвои информацијата поднесена од кабинетот на заменикот на Претседателот на Владата задолжен за борба против корупцијата и криминалот, одржлив развој и човечки ресурси, Љупчо Николовски, со која на сите иматели на информации кои одговараат пред Владата им се даде рок од 30 дена да ги објават бараните документи и информации на своите веб-страници согласно членот 10 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер. Со оваа информација се опфатени и општините, Градот Скопје и општините во Градот Скопје, и тоа е еден од условите да добиваат финансиска поддршка од Буџетот и од меѓународните организации. По истекот на рокот од 30 дена кој беше даден на имателите на информации да ги објават потребните листа на документи и информации на своите веб-страници, Владата на Република Северна Македонија формираше работна група која беше задолжена за проверка на исполнувањето на препораката упатена од страна на Владата кон општините, Градот Скопје и општините во Градот Скопје, за целосно објавување на документите и информациите. Работната група беше составена од членови од Кабинетот на претседателот на Владата, членови од Кабинетот на заменикот на претседателот на Владата задолжен за борба против корупцијата и криминалот, одржлив развој и човечки ресурси, вработени лица во Генералниот секретаријат на Владата, како и стручни лица од Агенцијата за заштита на правото на слободен пристап до информациите од јавен карактер. Анализата е во завршна фаза, штом се сумираат податоците,  јавноста ќе биде информирана“.

Новинарите кои ги следат и анализираат состојбите на оваа тема сметаат дека сликата за транспарентност не се менува со најавената и потребната брзина.

Благојче Атанасовски, аналитичар:

„Има отсуство на скромност од врвот кон сите други министри. Ќе бидам уште погруб. Зошто има потреба на пример, седум мерцедеси да заминуваат за Тетово и по другите градови да ги носат министрите и да се враќаат, кога тоа може со еден минибус, како што се прави во развиениот свет. Ние уште не можеме да сфатиме како и колку многу се троши богатството на државата. Не е перцепцијата резултат на растот на корупцијата, туку перцепцијата е резултат на социјалната раскалашеност, на социјалната нескромност на државните службеници и тоа мора еднаш да престане.“

Во минатото, освен скандалозните трошења во угостителски објекти, јавноста се крена на нозе и кога беа обелоденети патните трошоци на пратениците. Досега за новите министри не се појавијанекои скандалозни сметки, но јавноста се уште не е убедена дека се комплетно отстранети злоупотребите со патните трошоци.

Аналитичарите и новинарите се согласни дека клучот лежи во понесувањето одговорност и ја поставуваат паралелата дека во развиените демократски држави функционерите поднесуваат оставки и при најмал сомнеж за злоупотреба.

Благојче Атанасовски, аналитичар:

„Тоа е една развиена демократска свест, оттука и самата јавност многу е демократски зрела за да побара таква една одговорност. Кај нас гледаме дека сето тоа се сведува на хистеризација на социјалните медиуми, на Фејсбук кадешто кога ќе се открие таков некој скандал со енормно расипничко трошење на јавните пари, ние гледаме дека голем дел од функционерите потоа се правдаат, немаат никаков срам, дури не си ни поднесуваат оставка. Едноставно ние сме едно назадно, незрело демократско општество во контекст на трошењето и управувањето со јавните пари. Како што напоменав, и покрај тоа што гледаме некаква декларативна заложба кај новата власт, тоа ќе треба да биде долготраен процес, за да ние станеме, би рекол, нормална европска земја како управува со народните пари.“

Александар Чомовски, новинар:

„Сум видел во Велика Британија, премиерот го следи еден автомобил. Во Словенија, премиерот одеше пешки од својот службен стан до владините канцеларии. Истото се однесуваше особено на претседателот Кучан. Читам, премиер на една скандинавска држава се возел со автобус. Новата премиерка, младата, на Данска дошла на работа со својот сопруг шофер на камион. Тоа на еден начин значат своевидни филмси стории. Тоа е карактерот на социјалното и политичкото битие во државите кои се по три четири пати поразвиени од Македонија.“

Центарот за истражувачко новинарство СКУП ги извади податоците за трошењата на новите министри во првите сто дена. Единствено за министерот за здравство Венко Филипче не постојат податоци на алатката за транспарентност. Од министерството за здравство не одговорија ниту на барањето на СКУП испратено според Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер. Голем дел пак од министерствата кои одговорија на барањето, само не` упатија на веб алатката за отчетност.

Статистика од истражувањето на СКУП:

Во првите 100 дена најмногу потрошил министерот за надворешни работи, Бујар Османи 704 751 денари од кои најмногу 354 780 на авионски карти. Зад него е премиерот Зоран Заев со потрошени 427 275 денари, најголем дел од нив 294 875 во мензите на државните институции. Министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски потрошил 210 828 денари, од кои 116 018 за подароци подарени на службени лица за време на официјални посети. Следен на листата е министерот за политички систем, Артан Груби. Тој потрошил 155 435 денари за угостителски услуги, во рамки на институциите и надворешни угостителски субјекти. Министерот за економија, Крешник Бектеши потрошил 116 746 денари од кои 74 034 за закуп на стан. Трошокот на министерот за животна средина, Насер Нуредини изнесува 115 900 денари, од кои 40 115 на авионски карти. Министерот за информатичко општество, Јетон Шаќири потрошил 105 405 од кои најмногу, 39 270 за угостителски услуги. Министерот за локална самоуправа Горан Милевски во првите 100 дена потрошил 69 294 од кои 60 000 заа закуп на стан. Министерот за земјоделство, Ајранит Хоџа потрошил 62 243, од кои 39 180 за угостителски услуги. Единствениот трошок на министерот за финансии, Фатмир Бесими во првите три месеци од доаѓањето на функција е 48 800  денари во рамки на мензите на државните институции. Министерот за правда, Бојан Маричиќ потрошил 29 002 од кои 18 963 угостителски услуги во рамките на инститициите. Трошокот на министерката за одбрана, Радмила Шеќеринска е 28 549 денари, на министерката за образование, Мила Царовска 25 581, на министерката за труд и социјална политика Јагода Шахпаска 12 820 денари. Најголем дел од трошоците на трите министерки се направени за мобилен телефон. Според алатката за отчетност, министерот за транспорт и врски, Благој Бочварски нема направено трошоци, но според одговорот кој го добивме по Законот за слободен пристап до информации, министерот направил само еден трошок во првите 100 дена, 2161 денар за подарок за амбасадор.

Кабинетот на министерот Николовски:

 „Трошоците во  речиси сите минстерства сега се сведени само на неоходно ниво и ние навистана во овој период споредено со претходните Влади немаме прмери од типот да се пазарува во маркети со службени картици, да се купува облека, односно да се користи картицата за приватни цели. Дополнително, во фаза на подготовка е и  Одлуката за репрезентација за начинот на користење на средства за репрезентација во министерствата, другите органи на државната управа и правните лица основани од Владата,со која се утврдува начинот на користење на средства за репрезентација“.

Креаторите на јавното мислење се уште можат да посочат низа примери во кои, како што велат, се забележува нескромност.

Александар Чомовски, новинар:

„Еден министер на Норвешка побарал да му се смени троседот, добил одговор од секретарот на Владата дека може на second hand, на вториот или третиот пазар да купи и му е дозволено. За разлика од тоа, нас ни цути еден црвен сет на мебел во новоотворената канцеларија во барок зградата кадешто е сместено некое неименувано министерство за политички систем и не знам што се не.Морам да напоменам дека и покрај тоа што се прават некои чекори, тоа не е задоволително за нашата јавност бидејќи после 30 години не може ние да се радуваме на тоа што некои функционери потрошиле малку помалку во однос на некоја претходна владејачка гарнитура која, да се изразам така, аздисала во трошењето на јавните и народните пари, кадешто како што напоменавте и вие, нарачувале во тие репрезентативни трошоци обрози и храна во најелитни ресторани кое се должи на едно разуздано трошење на јавните пари, јас би рекол избивање  на фрустрациите и комплексите кои ги имале самите функционери во нивната младост. Тука пред се станува збор за моралот и за личниот кредибилитет и интегритет на самите луѓе кои станале потоа функционери и кои ја водат оваа држава.“

Јавноста останува гласна во барањата за увид во трошењата на функционерите. Новинарите и понатаму будно ја следат состојбата. Едно е сигурно, без транспарентност и отчетност за трошењето, не може да се очекува рационално користење на јавни пари.

Автор: Дарин Поповски-млад новинар, волонтер во институционалниот проект на СКУП во рамките на програмата ЦИВИКА МОБИЛИТАС.

Оставете коментар

коментар(и)