Либор Михалек- Чешка икона на укажувањето

Пишува: Горан Лефков

Титулата укажувач гордо на своето рамо ја носи уште во 1996 година. Тој како брокер на Националниот сопственички фонд, наша пандан институција беше Агенцијата за приватизација на општествениот капитал, разоткрил измамничка шема за испумпување на државните пари од овој Фонд.

Случајот на најпознатиот Чешки укажувач Либор Михалек е еден од најимпозантните во Европската Унија. Тој чевлите на укажувач ги носи на двапати, додека третиот пат е и автор на Чешкиот закон за укажувачи од 2013 година.

Веднаш по објавувањето на шемата, Михалек останува без работа на 38 години. Оди на суд, го тужи Фондот и судот ја прифаќа тужбата. Националниот сопственички Фонд треба да го обештети Михалек затоа шт неправедно го отпуштил од работа.

Втората важна улога на укажувач, Михалек ја заработува повеќе од една деценија подоцна. Тогаш веќе како познат во јавноста и искусен како укажувач. Во август 2010 година Михалек е поставен за директор на Чешкиот национален еколошки фонд.  Веќе во декември истата година, тој засекол многу сериозен криминал. Овој пат за стотици милиони евра. Како директор на овој Фонд, открил шема за местење на тендер за фабриката за вода во Прага. Според неговите тврдења, Фабриката е повисока цена од 3 милијарди чешки круни или околу 123 милиони евра. Михалек го пријавува овој скандал во Антикорупциската комисија.

Доказите за скандалот Михалек тајно ги снима. Снименото лице во приказната Михалек е Мартин Кнетиг. Во тој момент Кнетиг ја извршува функцијата советник на министерот за животна средина Павел Дробил.

На аудио снимката што ја снимил Либор Михалек, се слуша гласот на Кнетиг, како бара од Михалек да го манипулира тендерот, за да може со вишокот од 123 милиони евра да ја финансира политичката партија Граѓански демократи од каде доаѓа министерот Павел Дробил.

Премиерот Петр Нечас го бранеше Дробил и го нарече Михалек недоверлив и покрај неговата јавна репутација како свиркач. Бидејќи Граѓанските демократи ветија дека ќе се борат против корупцијата, губењето на својот прв министер поради обвиненијата за корупција беше удар за положбата на партијата. Инцидентот во Дробил беше првиот од неколкуте оставки од висок профил. На 21 декември 2010 година, началникот на чешката полиција Олдрих Мартину поднесе оставка по едномесечниот повик на министерот за внатрешни работи Радек Џон за негова смена делумно поради неправилно постапување со случајот Дробил. Откако ја објавува снимката, Дробил му нуди на Михалек потпретседателско место во неговата партија, само да ги повлече обвинувањата, бидејќи граѓанските демократи ја водат кампањата токму на оваа карта, борба против корупцијата.

Михалек останува доследен до крај на своите вредности и не ја издава својата визија за свет без корупција. Тој е човек што верува дека доколку сите застанеме во редот на укажувачите кога имаме некои криминални однесувања, светот ќе има многу помалку корупција и многу подобро ќе живеат граѓаните.

Воден од ова идеја, Михалек влегува во политиката, каде како независен кандидат влегува во парламентот на Чешка, и таму во 2013 година го предлага првиот Чешки закон за заштита на укажувачите.

Либор Михалек е добитник на наградата од Фондот за борба против корупцијата, потоа ја доби и наградата на Чартер 77 Фондацијата.

Михалек беше член на Чешкиот Сенат од 2012 до 2018 година.

Оставете коментар

коментар(и)