Милиони за истите грешки: Како институциите го празнат буџетот со изгубени спорови
Државните институции во Северна Македонија исплатиле најмалку 3,97 милијарди денари, или околу 64,6 милиони евра, поради работни спорови во периодот од 2020 до 2025 година. Речиси половина од сметката не била основен долг кон вработените, туку камати, судски и извршни трошоци, покажува ревизијата на Државниот завод за ревизија. Основниот долг изнесувал 2,05 милијарди денари. Дополнителните трошоци достигнале уште 1,92 милијарди денари, или околу 31,3 милиони евра. Тоа значи дека... 










