Советот на Јавни обвинители тежи 2,4 милиони евра: Колева најбогата, Исаку надвор од „радарот“ на ДКСК

Центарот за истражувачко новинарство „СКУП – Македонија“ во рамки на проектот „ПЕП“  ги анализираше податоците од имотните листови на членовите на Советот  на Јавни обвинители на Република Северна Македонија. Кој е најбогат, а кој најсиромашен член Советот  на Јавни обвинители. Каков друг имот пријавиле членовите на Советот беше тема на нашето денешно истражување.

Изработил: Тим на СКУП Македонија

Најмлада и најбогата во Советот на Јавни обвинители – Обвинителката Јелена Догазанска Колева пријавила имот во вредност од 762.741 илјади евра. 

Советот на Јавни обвинители на Република Северна Македонија брои 10 членови, меѓу нив, според нашето истражување „најбогат“ анкетен лист пријавила обвинителката од штипското Вишо јавно обвинителство, Јелена Догазанска Колева.

Обвинителката Догазанска Колева на свое лично име пријавила деловен простор од над 10 илјади евра и деловен простор со плац во Кочани со вредност од скоро 22 милиони денари. Меѓудругото, пријавиала автомобил „Фолксваген Широко“ и една девизна штедна книшка. На име на брачен другар, Догазанска Колева пријавила апартман во Банско, Р. Бугарија, стекнат со догово за купопродажба во 2011 година, во вредност од 23.500 илјади евара, автомобил марка „Мерцедес Е190“, удели и инвестиции во фондови. На имот на деца има пријавено стан од 66 м2 во Скопје и девизна штедна книшка. На име на родители, Догазанска Колева пријавила куќа во Штип за која не дала податок за стекнување.  Вкупниот имот на членот на Советот на јавни обвинители, Јелена Догазанска Колева вреди 762.741 илјади евра.

Поранешниот претседател на Советот на Јавни обвинители, Антонио Јолевски пријавил „најсиромашен“ анкетен лист

Вредноста на имотот на членот и поранешен претседател на Советот на Јавни обвинители на РСМ, Антонио Јолевски вреди 68.813 илјади евра. Тој како недвижен имот на свое лично име во анкетниот лист пријавил куќа со помошна просторија и двор во Битола  стекнати со договор за купопродажба и  една ливада. Од подвижен имот Јолевски пријавил моторно возило, автомобил марка „Опел Мерива“. Поседува една денарска штедна книшка. Пријавил и долг врз основ на кредит. Јолевски доаѓа од битолското Јавно обвинителство. Во 2020 год. беше избран за негов член, додека во еден мандат беше и претседател на Советот.

Обвинителката Ленче Ристоска го пријавила Советот на Јавни обвинители за дискриминација при пријавување на оглас во време кога претседател бил Антонио Јолевски

Обвинителката Ленче Ристоска во 2023 година го пријави Советот на јавни обвинители дека пред Комисијата за спречување и заштита од дискриминација (КСЗД) бидејќи неправедно и без основа ја прескокнувал и игнорирал на огласите на кои се пријавувала пријавувала за унапредување при што го доби случајот, пишуваше порталот „Сакам да кажам“. Тогаш Комисијата препорача Советот на јавни обвинители и тогашниот претседател Антонио Јолевски да ѝ се извини јавно на Ристоска за извршената дискрминација.

Комисијата утврдила потешка форма на дискриминација во два наврата, односно на два огласи на кои обвинителката се  пријавила за избор во Вишото јавно обвинителство Скопје. Првото објаснување било дека била млада (додека на истата седница Советот унапреди и помлади од неа). На вториот оглас, Советот измислил проблем кај Ристоска дека била на породилно отсуство, со што, како што констатирала Комисијата, повторно ја дискриминира Ристоска, ја понижува во однос на другите кандидати, ја прави нерамноправна зашто била бремена (иако унапредува други бремени и породени обвинителки) и повторно не ја избираат во Вишото скопско обвинителство), стои во објавата на порталот.

Јолевски тогаш не и се извини на обвинителката Ленче Ристоска туку најави тужба против Комисијата за спречување и заштита од дискриминација пред Управниот суд бидејки одлуката како што велеше, не била во ред, додава порталот „Сакам да кажам“.

Членот на Советот на Јавни обвинители Арбер Исаку не пријавил имот или го нема во електронскиот регистар на ДКСК?

Членот во Советот на Јавни обвинители Арбер Исаку го нема во  евиденцијата на Државната комисија за спречување на корупција доколку пребарувате во регистарот на анкетни листови. Причината зошто го нема анкетниот лист на членот Исаку е непозната. Дали Исаку не пријавил имот или ДКСК од некоја причина го нема јавно објавено анкениот лист е прашање кое допрва треба да се одговори?

Инаку името Арбер Исаку е синоним за корупција во Јавното Обвинителство. Пред 10 години, во 2014 година, донатор на политичката партија ДУИ се појавува име Арбер Исаку, кој донирал 300.000 денари. Две години подоцна истото тоа име се појавува како член на Советот за јавни обвинители. Повеќе медиуми во 2014 година пишуваа за овој скандал.

Советот на Јавни обвинители на РСМ, брои 10 членови и без анкетниот лист на обвинителот Арбер Исаку тежи 2.489.125 илјади евра.

Оставете коментар

коментар(и)