Статии напишани од Горан Лефков:

  • Лојане повеќе не е мека на шверцерите со луѓе

    Во Куманово состојбата беше порелаксирана. Застанавме прво на железничката станица. Вработен во Македонски Железници, по име Виктор не информираше до каде е возот и дека за половина час ќе биде во Куманово, а за околу 40 минути на граничниот премин Табановце. Се упативме за Табановце со автомобил. Додека ја поминавме задолжителната процедура за проверка на документите и дозволата за снимање, возот веќе беше на граничната територија. Во Табановце хуманитарците...
  • По патот на мигрантите: Германија виа Гевгелија

    Гевгелија, oвој јужен Македонски град, изминативе неколку години беше синоним за коцкање. Но, рајот за коцкарите се претвори во пекол за стотици илјади бегалци и за македонските полицајци. Рано утро, 4 часот. На железничката станица во Гевгелија врие како во кошница. Мигрантите и бегалците кои преку Македонија, сакаат да стигнат до нивното Ел Дорадо, Германија, чекаат превоз за ветената земја. Меѓусебните нервози и кавги за момент престануваат кога се...
  • Сиромашните општини го уназадуваат развојот во внатрешноста

    Со непочитувањето на законот за рамномерен регионален развој и со земањето на парите од концесиите на природните богатства, државата економски ги истоштува општините. Ваквите состојби ги револтираат граѓаните од внатрешноста. Стојан од Кочанско е незадоволен како државата ги распределува парите. „Сè се гради во Скопје. Во останатиот дел на Македонија нема ништо. Ми се чини дека откако започнаа со изградба на Скопје 2014, ниту денар не даваат настрана од...
  • Скопје три пати побогато од другите градови

    Огромен е јазот во собирањето и во потрошувачката на општинските пари во градот Скопје во однос на останатите општини во земјава. Податоците кои Центарот за истражувачко новинарство СКУП – Македонија ги доби по Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер, покажуваат дека минатата година покрај сопствените буџети (табела 1) кои изнесуваа околу 40 милиони евра, скопските општини имаа и дополнителен буџет од 97 милиони евра на градот...
  • Наместо за граѓаните, општините функционираат само за платите на администрацијата

    Наместо власт поблиска до граѓаните, општините се повеќе стануваат институции кои функсионираат само за платите на администрацијата. Истражувањето на ЦИН СКУП Македонија покажа дека зголемувањето на бројот на вработени во локалната пред секој циклус на избори довела до ситуација повеќе општини да инкасираат даноци и остваруваат приходи само за платите на вработените. Многу малку средства им остануваат за асвалтирање улици, оддржување на паркови, за училиштата или пак за другите...
  • Партиски вработувања за нефункционални општини

    Општина Ранковце е рекордер според бројот на вработени во Македонија. За 10 години, оваа општина го зголемила бројот на вработени за пет пати. Во 2005 година во општината имало 6 вработени, додека во 2014 нивниот број пораснал на 31 лице. Ист процес на вработување во изминативе 10 години како Ранковцеима и Општината Долнени. Но за разлика од Ранковце, оваа Пелагониска општина има 3 пати повеќе жители од Ранковце. Третото...
  • За една деценија, бројот на вработени во општините зголемен двојно

    Превработеност во општините. Ова е првичниот заклучок од истражувањето на Центарот за истражувачко новинарство Скуп Македонија. Од репрезентативен примерок од 10% од вкупниот број на општини во земјава, бројот на вработени е зголемен најмалку двојно, за 10 години. Број на вработени во репрезентативен примерок на општини во 2005 и 2014 година.   Општина Број на вработени во општината во 2005 година Број на вработени во општината во 2014 година...
  • Македонија е рај за пензионерите и пекол за работниците

    Фондот за здравствено осигурување и годинава намали дел од дијагнозите на кои им следува бањско лекување, покриено со пари од оваа институција. Ова значи дека многу пациенти, бањските лекувања и рехабилитации, ќе мора да си ги покриваат од сопствен џеб. Во табела 1 се претставени парите издвоени за бањско лекување на осигурениците на Фондот за здравствено осигурување (ФЗО) во изминативе неколку години и бројот на пациенти кои ги користеле...