Категорија: Тема на Неделата

Охрид се празни, туристите откажуваат резервации

Ангела Рајчевска Страв и паника меѓу охриѓани по последната серија земјотреси регистрирани во последните 24 часа. Но и кај странските туристи кои ги откажуваат резервациите. Од туристичката агенција Фибула велат дека случувањата со земјотресите не ги одвртиле туристите да го посетат градот, односно, дека до моментов не била откажан ниту еден аранжман. Но, рестораните кои соработуваат со туристичките агенции велат дека во последниве неколку дена им се откажани резервациите...

Шверцерите со бегалци заработија милијарда евра

Балканската рута на шверц повторно има „роба“ за шверцување. Овој пат тоа се луѓето од Сирија. За ветената Германија, сириските бегалци, само од почетокот на годината, на турските шверцери им имаат платено од половина до една милијарда евра. Ахмед Келани, учител од Сирија за трансферот на неговото семејство преку Турција платил по 700 долари по човек. „Платив 5.600 евра за моето семејство од 6 членови, од кои и две...

Лојане повеќе не е мека на шверцерите со луѓе

Во Куманово состојбата беше порелаксирана. Застанавме прво на железничката станица. Вработен во Македонски Железници, по име Виктор не информираше до каде е возот и дека за половина час ќе биде во Куманово, а за околу 40 минути на граничниот премин Табановце. Се упативме за Табановце со автомобил. Додека ја поминавме задолжителната процедура за проверка на документите и дозволата за снимање, возот веќе беше на граничната територија. Во Табановце хуманитарците...

По патот на мигрантите: Германија виа Гевгелија

Гевгелија, oвој јужен Македонски град, изминативе неколку години беше синоним за коцкање. Но, рајот за коцкарите се претвори во пекол за стотици илјади бегалци и за македонските полицајци. Рано утро, 4 часот. На железничката станица во Гевгелија врие како во кошница. Мигрантите и бегалците кои преку Македонија, сакаат да стигнат до нивното Ел Дорадо, Германија, чекаат превоз за ветената земја. Меѓусебните нервози и кавги за момент престануваат кога се...