Таг Архиви: Мигранти

ПО ТРАГИТЕ НА ИЛЕГАЛНИТЕ РУТИ: ТРГОВИЈАТА СО ЛУЃЕ НОСИ МИЛИОНИ ЗА ШВЕРЦЕРИТЕ

Горан Лефков   Многу бегалци се удавиле во Конска река обидувајќи се илегално да ја поминат границата помеѓу Грција и Македонија. Ова река, која се протега долж граничната линија, преставуваше последна пречка за да се влезе во македонска територија. Ова река сега е исушена и не преставува веќе пречка или опасност. Но, ги нема и бегалците, кои масовно ја поминуваа во изминатите години. Во текот на денот во овој...

Шверцерите со бегалци заработија милијарда евра

Балканската рута на шверц повторно има „роба“ за шверцување. Овој пат тоа се луѓето од Сирија. За ветената Германија, сириските бегалци, само од почетокот на годината, на турските шверцери им имаат платено од половина до една милијарда евра. Ахмед Келани, учител од Сирија за трансферот на неговото семејство преку Турција платил по 700 долари по човек. „Платив 5.600 евра за моето семејство од 6 членови, од кои и две...

Лојане повеќе не е мека на шверцерите со луѓе

Во Куманово состојбата беше порелаксирана. Застанавме прво на железничката станица. Вработен во Македонски Железници, по име Виктор не информираше до каде е возот и дека за половина час ќе биде во Куманово, а за околу 40 минути на граничниот премин Табановце. Се упативме за Табановце со автомобил. Додека ја поминавме задолжителната процедура за проверка на документите и дозволата за снимање, возот веќе беше на граничната територија. Во Табановце хуманитарците...

По патот на мигрантите: Германија виа Гевгелија

Гевгелија, oвој јужен Македонски град, изминативе неколку години беше синоним за коцкање. Но, рајот за коцкарите се претвори во пекол за стотици илјади бегалци и за македонските полицајци. Рано утро, 4 часот. На железничката станица во Гевгелија врие како во кошница. Мигрантите и бегалците кои преку Македонија, сакаат да стигнат до нивното Ел Дорадо, Германија, чекаат превоз за ветената земја. Меѓусебните нервози и кавги за момент престануваат кога се...

СКУП на Хрватската национална телевизија

Трагедијата со загинувањето на 14-те мигранти кај Велес, вчера, беше ударна вест на повеќето телевизиски станици во регионов. И не само заради многуте прегазени од возот кој сообраќа на релација Солун – Белград, туку и заради тоа што овој проблем ги погодува скоро сите земји во регионов како и ЕУ. Мигрантите од Блискиот Исток и Африка веќе ги запалија алармните звона во неколку членки на ЕУ особено Германија. Во...