По патот на мигрантите: Германија виа Гевгелија

Гевгелија, oвој јужен Македонски град, изминативе неколку години беше синоним за коцкање. Но, рајот за коцкарите се претвори во пекол за стотици илјади бегалци и за македонските полицајци. Рано утро, 4 часот. На железничката станица во Гевгелија врие како во кошница. Мигрантите и бегалците кои преку Македонија, сакаат да стигнат до нивното Ел Дорадо, Германија, чекаат превоз за ветената земја. Меѓусебните нервози и кавги за момент престануваат кога се...

Македонија станува балкански Лас Вегас: низок стандард и пренагласено коцкање

  ДОКУМЕНТАЦИЈА (Забелешка: Документите за сите компании се прикачени на линкови на нивните имиња. За да ги видите кликнете на линкот ДОКУМЕНТАЦИЈА )     Македонија е на дното на листата на балканските земји според странски директни инвестиции. Официјалните бројки покажуваат дека во 2013 година Македонија привлекла само 251 милион евра странски инвестиции, Црна Гора 350 милиони, Босна и Херцеговина 300 милиони, додека Косово истата година има регистрирано 259 милиони...

Сиромашните општини го уназадуваат развојот во внатрешноста

Со непочитувањето на законот за рамномерен регионален развој и со земањето на парите од концесиите на природните богатства, државата економски ги истоштува општините. Ваквите состојби ги револтираат граѓаните од внатрешноста. Стојан од Кочанско е незадоволен како државата ги распределува парите. „Сè се гради во Скопје. Во останатиот дел на Македонија нема ништо. Ми се чини дека откако започнаа со изградба на Скопје 2014, ниту денар не даваат настрана од...

Скопје три пати побогато од другите градови

Огромен е јазот во собирањето и во потрошувачката на општинските пари во градот Скопје во однос на останатите општини во земјава. Податоците кои Центарот за истражувачко новинарство СКУП – Македонија ги доби по Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер, покажуваат дека минатата година покрај сопствените буџети (табела 1) кои изнесуваа околу 40 милиони евра, скопските општини имаа и дополнителен буџет од 97 милиони евра на градот...

Наместо за граѓаните, општините функционираат само за платите на администрацијата

Наместо власт поблиска до граѓаните, општините се повеќе стануваат институции кои функсионираат само за платите на администрацијата. Истражувањето на ЦИН СКУП Македонија покажа дека зголемувањето на бројот на вработени во локалната пред секој циклус на избори довела до ситуација повеќе општини да инкасираат даноци и остваруваат приходи само за платите на вработените. Многу малку средства им остануваат за асвалтирање улици, оддржување на паркови, за училиштата или пак за другите...

Партиски вработувања за нефункционални општини

Општина Ранковце е рекордер според бројот на вработени во Македонија. За 10 години, оваа општина го зголемила бројот на вработени за пет пати. Во 2005 година во општината имало 6 вработени, додека во 2014 нивниот број пораснал на 31 лице. Ист процес на вработување во изминативе 10 години како Ранковцеима и Општината Долнени. Но за разлика од Ранковце, оваа Пелагониска општина има 3 пати повеќе жители од Ранковце. Третото...

Бебиња умираат поради бирократски пречки (обновено: Детска клиника демантира)

Пишува: Саше Димовски   (Набрзо по објавувањето на овој текст, стигна демант од Детската клиника во Скопје. Демантот го објавуваме во целост на крајот на овој текст.)   Петар е младо, 30 годишно момче, од град во внатрешната на Македонија.   Се сретнавме за да ја раскаже голготата низ која поминал обидувајќи  се да обезбеди што поскоро транспорт за операција на неговото новороденче во Бугарија. Возбудено раскажува низ какви лавиринти...

ДРЖАВА НА БОГАТИТЕ ЛИДЕРИ

Скромна куќа со малку мебел, Волсфаген Буба од 1987 и останат имот кој вреди само 2 илјади американски долари. Ова е анкетниот лист на претседателот на Уругвај, Хосе Мујиса, кој е познат по титулата за најсиромашен претседател во светот. Во Македонија тешко може да се најде ваков скромен анкетен лист. Иако податоците кои се внесуваат не се комплетни, функционерите во Македонија сепак има со што да се „пофалат“. Полни...